• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

Од stylist @StylistMKD · На мај 5, 2022

Изложба на Наташа Неделкова

На 7 мај, сабота, во 12 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ (Performing the Impersonal/ Manifesting Speculum) на уметницата Наташа Неделкова. Наедно ќе може да се ужива и во пролетно матине со единствениот поглед кон градот.

Куратори на изложбата се Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Неделкова е една од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен проект во Музејот на современата уметност – Скопје. Наедно, Неделкова е избрана од Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста 14 да биде дел од нивната официјалната програма оваа година.

„Изведувајќи го безличното / Манифестирање на спекулумот“ е проект на Неделкова кој се реализира во форма на две видео-инсталации „The Act of Seeing“ и “Manifesting Speculum” во два засебни простори во МСУ-Скопје. Во тие две „црни кутии“ на 3 проекции и 4 екрани ќе бидат претставени рефлексии за женската сексуалност, политичкиот ангажман, насилството и раскажувањето приказни.

1 (6)

Неделкова, потпирајќи се на концепти од Зигмунд Фројд и Лис Иригаре, ја преиспитува можноста за користење на техниките на манифестирање со цел да се визуализира женската сексуалност, која се смета за мистериозна, недостапна, за „црн континент“.

Со овој тематски фокус и на специфичен начин, ова е обид да се направи дополнителен придонес во расветлувањето на овој феномен.

„Низ овие инсталации го изведуваме безличното преку колективно слушање, танцување социјални кореографии и визуализирање позиции на протест. Женската сексуалност, гледана од перспективата на Манифестираниот спекулум, произведува етичко знаење кое е поетско, нетранспарентно и против општествениот поредок и закон. Таа е против опасните репродукции на истото. Ткае заедништво со непознатото што доаѓа, преку слободна игра“, вели Неделкова.

Владимир Јанчевски, еден од кураторите на изложбата, смета дека делата од оваа изложба на Неделкова, се креативно надоврзување на нејзините истражувачки интереси, кои се разработуваат и во некои претходни дела, како и во награденото видео дело „Ткива на идентитет“ претставено на 13.Биенале во 2021 година.

„Во една деликатно исткаена мрежа од видеа поврзани во две видео инсталации, Неделкова на едноставен начин гради една сложена структура, која се обидува да ја преиспита границата на видливото и затскриеното. Осврнувајќи се на значајни аспекти на (без)личното на пресекот помеѓу политичкото и поетското, таа ги открива суптилните релации на можностите нешто да се визуализира и да се манифестира како точка на отпор“, вели Јанчевски.

Покрај Неделкова, наградени автори од 13. Меѓународно биенале на млади уметници се и Дарко Алексовски, чија изложба беше отворена на 8 април и се уште може да се види во МСУ – Скопје, а во ноември со самостојна изложба ќе се претстави и Дритон Селмани. Наградата на Биеналето подразбира реализација на самостоен проект, а со тоа Музејот на современата уметност – Скопје, како одговорна институција, ја остварува својата стратешка определба за стимулирање на рецентната уметничка сцена и отворање можности за достојно претставување на новите генерации уметници пред пошироката јавност.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерство за култура на Р.С. Македонија и ЕВН АД Скопје и ќе биде отворена до 26 мај 2022 година.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics