• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Извидник“ на Алекс Цветков вечер го затвора „Браќа Манаки“

Од stylist @StylistMKD · На септември 29, 2018

alex_cvetkov01

Опседнатоста со технологијата на новото време, зависноста од социјалните мрежи и како тие се одразуваат врз животите на луѓето, се темите што ги обработува краткометражниот игран филм „Извидник“ на младиот режисер со македонско потекло Алекс Цветков кој во моментов живее и работи во Словенија. Филмот, кој има доминантна македонска продукција, премиерно ќе биде прикажан на официјалното затворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Станува збор за краткометражен научно-фантастичен филм работен по сценарио и режија на Алекс Цветков. Цветков е син на популарниот каскадер од Македонија, Рок Цветков, кој стекна светска слава работејќи на холивудски филмови како „Шиндлерова листа“, „Патриот“, „Ничија земја“ и др. Младиот Цветков студира режија во Лос Анџелес, а овој дебитантски филм е негова дипломска работа. Освен Цветков, македонската екипа која работеше на филмот ја сочинуваат и продуцентот Сашо Пешев, кој е носител на проектот преку продуцентската куќа „Ново македонско видео“, кинематографот Дејан Димески, а визуелните ефекти на филмот ги работеа студиото за пост продукција „Видео Хаус анимејшн“ и македонски артисти. Кастингот на филмот е интернационален, а главните улоги ги толкуваат Мозес Гомез – Сантош, Хоџи Фортуна, Ула Фурлан и др.

Дејството на филмот е дистопија, се случува во дехуманизирано општество во кое апликацијата „скаут“ е најпопуларната социјална мрежа меѓу луѓето преку која тие може да споделуваат видеа во живо или вести, за што добиваат пари. Колку е подобар стримингот што го имаат, толку повеќе пари и популарност ќе заработат. Така, сите постојано снимаат популарни личности и криминални активности, без да се обидат да им помогнат на жртвите. Главниот лик е Гас, професионален мотоциклист особено популарен на „скаут“ со огромен број следачи. Гас е апсолутен зависник од адреналин и од социјалната мрежа, тој живее за своите следбеници и можноста да ги воодушеви со неговите способности. На денот на неговата венчавка со Сара, Гас е решен да го има најдобриот ден во животот. На инсистирање на Сара, тој го остава телефонот и ветува дека нема да врши пренос во живо. Но, денот нема да биде совршен како што замислил Гас.

???????????????????????????????

Филмот „Извидник“ има голема продукциска вредност и носи силна порака.

- Технологијата ни овозможува да се скриеме во сопствениот балон без да посветиме внимание на поискрената верзија од себе. Технологијата донесе многу добри работи, но не смееме да заборавиме дека секогаш постои негативната страна на сѐ. Преку овој филм сакам да ја истражам темната страна на технологијата и како таа може да се одрази дури и врз најбезопасната личност. Главната порака е „види што имаш и ќе видиш дека не ти треба повеќе“. Најчесто не ни е важно што имаме, туку секогаш сакаме повеќе. Следејќи ја оваа формула може да се загубиме многу брзо и нашиот живот да се испреврти во секунда – вели Цветков.

За продуцентот Сашо Пешев, работењето на теми кои се актуелни за современиот, технолошки забрзан свет, секогаш е предизвик.

- Драго ми е што можеме да отвориме прашање кое е особено актуелно последниве години и со кое секој може лесно да се идентификува, да се препознае во содржината. Задоволен сум што излеговме од некои шаблони на теми кои беа карактеристични за Македонија и регионов последниве години и дека го држиме чекорот со светот и во начинот на кој е снимен филмот, изработката на сетот, на сцените, начинот на кој е работена пост продукцијата. Иако е краток филм, сепак станува збор за скап, квалитетен филм, кој има посебна продукциска вредност. Жанрот на научна фантастика е особен предизвик за работа – вели Пешев.

Филмот „Извидник“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

ScoutАлекс ЦветковБраќа МанакиИзвидникИнтернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“краткометражен филмСашо Пешевфилмфилмски фестивал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics