• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

На Џесика Ланг и Шарлот Ремплинг годините не им можат ништо, снимаат козметички кампањи

Од stylist @StylistMKD · На февруари 27, 2014

Се сеќавате ли кога француската козметичка компанија „Ланком“ своевремено ја отпушти Изабела Роселини од функцијата заштитно лице затоа што наполни 40 години!? Денешното време не го признава тој изговор дека некоја жена е премногу стара да рекламира козметика и шминка, што покажуваат и вестите од претходните неколку денови.

Прво, разбравме дека шминкерот Франсоа Нарс ја ангажирал 68 годишната француска актерка и модна икона Шарлот Ремплинг како заштитно лице на рекламната кампања со која слави јубилеј од 20 години од основањето на својата компанија Nars. Ремплинг, една од музите на шминкерот, според него поседува природна убавина која е толку силна, како и моќ на трансформација. Како и вообичаено, Франсоа сам ќе ја фотографира кампањата, ќе биде тоа серија од црно-бели фотографии, а во јавноста ќе се појават во септември оваа година.

Charlotte-Rampling-002

Денес дознавме дека уште една повозрасна дама (се надеваме ова е политички коректниот израз), ќе рекламира козметички бренд. Станува збор за 64 годишната актерка Џесика Ланг, во моментов актуелна со телевизиската серија American Horror Story, која беше повикана од страна на Марк Џејкобс да учествува во рекламната кампања на неговиот бренд Marc Jacobs Beauty. Фотографиите се веќе направени, тие се дело на Дејвид Симс, а на нив ја гледаме заводливата Ланг нашминкана во златно-кафени бои на очие и кармин во боја на праска.

_1890407_635372093178609_1389938503_o

Идејата на Џејкобс и Нарс е дека и повозрасните жени изгледаат атрактивно, особено оние актерски ѕвезди кои не претерале или воопшто не се одлучиле на пластични операции, ботокс, силикони… Оваа можеби е реакција на критиката адресирана на модната индустрија дека премногу употребува малолетни манекенки во фотосесии и ревии, но веројатно значи дека одредени дизајнери навистина ја вреднуваат убавината на секоја возраст.

Bhbd_GZd_IUAAXXXJ_jpg_large

Повеќе брендови го сфатија потенцијалот на рекламно обраќање на повозрасните клиенти преку ангажирање на позрели модели. Лани, британската дизајнерка Карен Вокер сними реклама за очила за сонце со модели на возраст од 65 и 92 години, а фотографиите ги направи Ари Сет Коен (основач на блогот Advanced Style на кој постира уличен стил само на повозрасни). Во пролетната кампања на „Луј Витон“ ја гледаме 70 годишната Кетрин Денев, 45 годишната супермоделка Стефани Сејмур неодамна е назначена за заштитно лице на козметиката на Estee Lauder, сестрите Олсен во рекламата за облеката на нивниот бренд The Row ја ангажираа 65 годишната Линда Родин, а многу често во реклами ја има и 82 годишната манекенка Кармен Дел’Орефис. Овие примери навистина се за пофалба, тие се прослава убавината која доаѓа во секоја форма!

Џесика Лангвозрасни моделикозметичка кампањаМарк ЏејкобсФрансоа НарсШарлот Ремплинг
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 новини

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

  • MNE Spring21_Viking_Hero_Square_001 новини

    CREED Viking Cologne – Mирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера

  • dm ProClimate (2) новини

    Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics