Куќата Creed со гордост го претставува новиот Viking Cologne, најновиот парфем од брендот. Кул и ароматична комбинација на острата парфемска вода со живописните својства на колонската вода, мирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера.
Овој парфем е создаден од шестата генерација на парфемски мајстори, Оливиер Крид и неговиот син Ервин, маестрална комбинација на суво сандалово дрво, бергамот и земјен ветивер, мешавина од цитрус и дрвенести бази.
Овој мирис е универзален парфем прилагоден на современиот истражувач, чии подвизи досега биле само почеток, бидејќи пејзажите на нашето опкружување се предели што допрва треба да се истражуваат.
Горни ноти: Бергамот, лимон, кора од горчлив портокал, кедар
Средни ноти: лаванда, пачули, геранијум, ветивер
Базни ноти: сандалово дрво, тeмјан, морско оревче, рузмарин, жалфија
-Парфемот Viking Cologne за нас е опсесија. Тој е толку блиску до самата ДНК на компанијата Creed, што моравме да истражиме како овој мирис да се промени во летна верзија, со свежина која излегува од парфемот и шири енергичен мирис што ветува авантури – Ервин Крид, јануари 2021.
Парфемот е достапен во количина од 50ml и 100ml во Anabella Beauty Spot, хотел Мериот.
Нема коментари