• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Како да комбинирате широко миди-здолниште

Од stylist @StylistMKD · На декември 18, 2013

Модните трендови изминативе години се раѓаат на улиците, а еден од најголемите модни хитови што се појави оваа година крај тротоарите на Милано, Лондон, Њујорк, Париз, Москва…е широкото миди-здолниште. Блогерите и љубителите на модата најдоа урбана, секојдневна примена на ова навидум свечено парче облека. Иако станува збор за модел што изгледа како да ограничува во стилот, ќе се изненадите колку многу стилски варијации може да добие со различни комбинации. Многу често блузата и додатоците може да го транформираат од луксузен и елегантен модел, во бизнис или кежуал- креација. Еве неколку предлози како да ги носите миди-здолништата.

Миди здолниште + морнарска блуза


Во секој ормар покрај малиот црн фустан, чифт фармерки, виски потпетици и бисери, станува сè поклучно е да имате и барем една блуза со пруги. Тие одлично се вклопуваат во сите комбинации, во сечиј имиџ, и со секоја боја, материјал, па и принт. Затоа не треба да се грижите дали моделот на вашето миди-здолниште е шарен, или е од некој свечен материјал, морнарската маица лесно ќе се вклопи. Не се ограничувајте само на црно-бела варијанта, оваа комбинација функционира и во други нијанси на маицата. Вака споените миди здолниште + морнарска блуза може да ги комплетирате со палто, кожна јакна, капут, џемпер со патент или копчиња, елече, или со некој убав шал или марама. Комбинацијата е идеална со чизми, но и со балетанки во топлите денови.

Миди здолниште + џинс кошула

Волуменозните миди-здолништа генерало одлично прилегаат со било каква кошула. Иако џинс-моделот е лански тренд, сепак можете да го вратите во живот со оваа комбинација. Додајте некој интересен брош или беџ, а одлично ќе се вклопи и некој гломазен ѓердан. Можете да го задржите кантри-изгледот со каубојки, моторџиски чизми и шешир, но и да бидете елегантни со високи потпетици и долг капут.

Миди здолниште + блузон/џемпер

Со враќање на блузоните во секојдневниот изглед, се враќа и лежерноста, но и предизвикот за посмели комбинации. Помалите модели на блузон одлично прилегаат со било какви здолништа, а миди-модеите се полн погодок. Доколу се одлучите за блузон со принт, тогаш сè што ви треба е само добро палто, јакна, или капит, а ако е еднобоен модел, тогаш задолжително украсете го со разграден ѓердан, или шарена марама. Слично е и со џемперите, со тоа што внимавајте да не изберете предебел модел, кој ќе го засени здолништето. Џемерот и блузонот можете да ги носите во и надвор од здолништето.

Миди здолниште + краток црн топ

Доколку се одлучите за шарено здолниште, најбезбедна комбинација ви е со црна основа, ролка, маица, џемперче или краток топ. Тоа остава можност за многу комбинации со разнобојни палта, но и со различен накит и чевли. (A.Н.)

џемпериблогериблузонимиди-здолништеТрендулична мода
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Пролетен минимализам

  • Annabel-Rosendahl сам свој стилист

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics