Тексасната ткаенина е константа во нашата гардероба, ја носиме во вид на фармерки, јакна, кошула, оваа сезона e вметната на долгите здолништа, како и на чантите и обувките. Сите имаме барем еден пар фармерки, со класичен изглед или во трендовски стил, истото важи и за тексасната јакна која е парче облека кое лесно се комбинира и е одлична идеја кога ќе залади во пролетно-летните денови и ноќи. Можеме да ја носиме во нејзиниот класичен изглед или во некоја посвечена форма – со крој сличен на шанел-сакото и украсена со светкави апликации. Во игра е белата боја на тексас како пролетно-летна варијанта на класичниот син тексас. Предлагаме неколку стилски идеи и комбинации кои можете да ги инкорпорирате во сопствениот изглед.
Нема коментари