Кејт Мара е овогодишна носителка на наградата Women in Film Face of the Future, што италијанската модна куќа „Мака Мара“ ја доделува по 10-ти пат на актерки кои се талентирани, но и со изграден стил. Американската актерка од серијата „Куќа од карти“ ја продолжува серијата на наградени актерки кои се на прествртница од својата кариера, претставуваат олицетворение на стил и грациозност, а на кои брендот им го признава нивниот придонес во актерството. Кејт се појави на модната ревија на „Макс мара“што се одржа пред неколку денови во Милано, облечена сив комплет и капут од кашмир и од првиот ред го следеше претставувањето на новата колекција.
Нема коментари