• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Канал 103“ викендов слави 25 години со фестивал и изложба

Од stylist @StylistMKD · На мај 12, 2016

maicka zenska final3 Kултната скопска радио-станица „Канал 103“ по повод 25 години од своето постоење организира голем музички фестивал кој ќе се одржи oваа сабота (14. мај), на три сцени во Младинскиот културен центар (МКЦ). Покрај мноштвото бендови, артисти и диџеи од македонската независна музичка сцена, централно место ќе има настапот на легендарниот американски/британски бенд Psychic TV. Истовремено, во галерискиот простор на МКЦ, ќе биде отворена изложбата „25 години Канал 103“ поставена од академскиот сликар Атанас Ботев со која се истражува историјата на македонскиот рокенрол во контекст на 25-годишното постоење на „Канал 103“ како два клучни (суб)културни патокази во современата македонска историја. Psychic TV се оформени во 1982 година, на трагите од култниот индастриал бенд Throbbing Gristle, а како продолжение на музичката фантазмагорија на неповторливиот/неповторливата Genesis P-Orridge. Се работи за можеби најмаркантната фигура на андерграунд сцената во 20/21-от век, културен инженер и  арт провокатор кој ги помести границите на современите музички сфаќања и пракси до точка во која музиката, експериментот, авангардниот арт и древните ритуали креираат крајно возбудлив паралелен уметнички универзум. Во период од 34 години, колку што постојат Psychic TV, издадоа приближно исто толку музички изданија во кои фасцинира постојаната трансформација и жанровската разновидност во иновативни преплети од рок-психоделија, поп-деконструкција, индастриал атмосфери, модерни денс битови и експериментални звучни пејсажи. Нивниот актуелен албум “Snakes”, издаден во 2014 година, се најде во потесниот избор за албум на годината на голем број релевантни музички медиуми, вклучувајќи го и оној на „Канал 103“. -Psychic TV во Скопје е многу повеќе од уште еден музички концерт. Ова е јасен општествено-политички коментар на нашата грда стварност, крајно неопходна и во лице изразена „културно-уметничка“ субверзивна порака и гест на надеж и можен патоказ за сите отворени и слободни умови чие време доаѓа. Тоа, впрочем, е и обврска на „Канал 103“ која веќе четврт век претставува симбол на независната и слободна мисла и клучен промотор на прогресивна музика, авангардната уметност и култура воопшто-велат од „Стотројка“.

25 години25-годишнинаPsychic TVјубилејАтанас БотевизложбаКанал103МКЦМладинскиот културен центаррадиоСтотројкафестивал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics