Corsets FW22/23 – Нова капсулна колекција која што соддржи 6 изгледи со даден посебен акцент на препознатливите ZANOV корсети
Колкцијата на Мите Занов/ZANOV е инспирирана од спротивноста помеѓу мажот и жената, како и од нивната нераскинлива поврзаност, односно симбиозата што всушност ја поседува секое човечко битие, со своја машка и женска страна, без разлика на својот пол. Сите тие карактеристики, колку и да се различни сепак се толку комплементарни.
Корсетите, кои ја истакнуваат женската силуета наспроти строгоста и острите кроеви на сакоата и мантилите инспирирани од машката облека, ја претставуваат токму таа кохезија на машко-женско единство.
Визијата на оваа колекција не би била во целост прикажана, доколку како заштитно лице за оваа кампања не беше Тамара Ристоска, наша позната актерка, која што преку нејзиниот став и силна експресија, совршено ја пренесе приказната на колекцијата. Моќ, силен став, остар поглед, наспроти нежност, сексапил и елеганција.
Фотографија: Антонио Станков
Фризура и шминка: Social Hair Salon, Елена Николовска
Асистент: Ева Таневска

































Нема коментари