• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп 0

Каролина Гочева и AVON одбележаа една година соработка

Од stylist @StylistMKD · На септември 6, 2016

Karolina Gocheva na sredbata so novinarite

Во стилот на славното септемвриско издание на Vogue, поп-пејачката Каролина Гочева ја краси насловната страница на новата Брошура 13 на AVON. Со насловната (чии фотографии беа снимени во Полска) и со бранч-средба со модните новинари како и претставници од AVON денеска во локалот Brick Bar беше одбележана една година откако пејачката е заштитно лице на козметичкиот гигант. Каролина откри дека посакала да почувствува како е да бидеш дел од тимот на компанијата, па месецов станала Претставник и подетално се запознала со производите и со начинот на кој функционира AVON. Нејзина најнова фасцинација е маскарата Wade Awake-нов производ кој Каролина го претставува во најновата брошура на компанија.

Karolina - fotosesija vo Varshava 1 (1)

Насловната фотографија беше снимена во Варшава, Полска

Инаку, таа во април годинава беше на ексклузивна фотосесија во Варшава, Полска каде што под водство на професионална екипа направи серија на врвни фотографии за промоцијата на маскарата Wide Awake и насловната страница на Брошура 13.

- После парфемот Avon Attraction и луксузната декоративна козметичка линија LUXE, маскарата Wide Awake е уште еден производ на AVON од кој не се одвојувам. Презадоволна сум од тоа како течеше фотосесијата во Варшава и особено ме радува финалниот резултат – фотографиите кои може да се погледнат во новата, септемвриска брошура. Ја сакам минималната шминка и маскарата е неизоставен дел од мојот несесер, а со Wide Awake моите очи изгледаат крупни и одморени и трепките се извиткани и со поголем волумен – изјави Каролина на денешната средба со новинарите на кои беше промовирана маскарата како и резултатите од фотосесијата во Полска.

Karolina - fotosesija vo Varshava

Wide Awake е создадена како резултат на долгогодишни истражувања и иновации на полето на козметиката. Дава моментален ефект на поголеми и повпечатливи очи и креирана е со помош на иновативната AVON TRUE Lift & Lock технологија, која содржи формула 2 во 1: ги витка трепките и додава до 4 пати повеќе волумен. Она што ќе ги задоволи динамичните и енергични жени кои се постојано во движење и немаат многу време за корекција на шминката е фактот што оваа маскара нуди долготраен ефект, благодарение на уникатниот комплекс со кој извитканиот ефект на трепките трае цел ден.

Nacionalniot menadzer Dana Stojkova na sredbata so novinarite

Националниот менаџер Дана Стојкова на средбата со новинарите

Националниот менаџер за продажба на AVON за Македонија и Црна Гора, Дана Стојкова, посочува дека самиот факт дека Каролина Гочева станала AVON Претставник е одлична инспирација и стимул и други самостојни и амбициозни жени да го сторат истото. Козметичкиот гигант е познат по тоа што постојано го проширува својот продажен тим и им овозможува на сите заинтересирани дополнителна заработка или поинтензивно да ѝ се посветат на оваа професија.

- Во продажната мрежа на AVON има три позиции: Претставник, Координатор и Менаџер. Претставниците имаат привилегии при интернет порачувањето и при продажба на производите заштедуваат и користат различни привилегии. Позицијата Координатор е за оние дами кои во оваа работа гледаат хоби и може да им овозможат на своите пријателки и познати да станат Претставнички и да заштедат при набавката на козметички производи. Додека пак, третата позиција Менаџер е поделена во три нивоа: Јуниор, Сениор и Бизнис менаџер и секое повисоко и понапредно ниво, носи поголема одговорност, како и заработка. Во суштина, AVON им овозможува на сите жени да заработат и да се реализираат, а притоа секоја сама одлучува колку сака да се вложи во работата – објаснува Националниот менаџер Дана Стојкова.

Компанијата AVON ја прославува 130-годишнината од постоењето, а веќе 11 години функционира и на македонскиот пазар. Од основањето па досега, голем број на светски ѕвезди беа заштитни лица на козметичкиот гигант, меѓу кои и актерите Софија Вергара, Селма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јовович, Оливија Вајлд, Меган Фокс, пејачката Ферги, супермоделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон и Ирина Шаик.

Karolina i timot na Avon na sredbata so novinarite

Каролина со тимот на Авон

Wide AwakeАвонКаролина Гочева„Авон Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ivana manas (2) калеидоскоп

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

  • ????????????????????????????????????? калеидоскоп

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

  • top model europe калеидоскоп

    Избор на Топ Модел Европа во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics