• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Американски Vogue драстично ги спушти вредностите, Ким Кардашијан конечно на насловната

Од Катерина Трајановска · На март 21, 2014

kim-kardashian-kanye-west-vogue

Се случи и тоа! Се исполни големиот сон на Ким Кардашијан и се најде на насловната страница на априлскиот број на американски Vogue! Фотографијата е објавена пред неколку часа, и иако првата реакција беше дека се работи за фотошоп или нечија иронична шега, сепак е вистина – Ким Кардашијан е на насловната на Vogue! Девојката позната само затоа што сними домашно порно видео, а мајка и успеа нејзиниот „труд“ да го капитализира преку лигаво реално шоу, сега ја краси првата страница на магазинот со традиција подолга од 120 години!

На фотографијата што ја направи Ени Лејбовиц Ким не е сама, туку заедно со својот вереник, музичарот Канје Вест. Канје всушност и’ беше влезница во светот на модата, а откако се заедно тој го контролира нејзиниот стајлинг и ја запозна со многу влијателни луѓе од модата, како Карин Ројтфелд и Рикардо Тиши, дизајнерот на „Живанши“. Веројатно, пријателството на Канје со Ана Винтур, уредничката на Vogue, е причината што Ким воопшто може да помисли да појви на страницте на магазинот.

Иако уредничката Ана Винтур во уводникот напиша дека, за разлика од гласините дека нејзиниот вереник Канје ја молел да ја стави Ким на насловна, идејата била сосема нејзина и на тимот на Vogue. Одлуката Винтур ја оправдува со тоа што „Vogue во својата долга традиција ги третирал оние што ја дефинираат културата во секој даден момент, оние што ја размрдуваат јавноста, чие присуство го обликува и влијае на светот така како што го гледаме“.

Сето ова е малку чудно бидејќи истата таа Ана Винтур пред неколку години велеше дека Ким на насловна само преку нејзе мртва. И истата таа со години одбиваше да и’ даде покана за престижниот бал во Музејот Метрополитен, на кој важи како главна домаќинка, а кога конечно во 2013 година ја покани, веројатно само затоа што е во врска  Канје, многу очигледно ја пресече од фотографијата од репортажата за настанот. Што точно се смени со нејзиниот став во меѓувреме или можеби навистина е време Ана да се пензионира. Не само поради симпатијата кон Кардашијан, туку и затоа што со години се зборува дека Винтур го уништува Vogue и дека публиката не е повеќе задоволно со содржината на магазинот.

„Скоро да не постои современ медиум во кој не се појавиле Кардашијан-Вест, и тоа со добра причина. Канје е неверојатно изведувач и културен провокатор, додека Ким, преку силата на нејзиниот карактер, создаде место за себе во центарот на светсткото внимание, а за тоа треба да имате храброст – ќе завршиме со оваа мисла на Винтур од уводник и ќе оставиме време да ја процесираме оваа насловна и да сфатиме зошто Ана потклекна.

Првите реакции на форумите се дека оваа насловна ја означува бавната смрт на Vogue, a богами и многумина прашаа колку чини една насловна. Во меѓувреме Ким се огласи на својот профил на „Твитер“ и напиша: „Ова е остварување на сонот. Му благодарам на Vogue за насловната! Не можам да дишам“. Од толку возбуда, зборот дишам го напиша погрешно.

 

VogueАна ВинтурКанје ВестКим Кардашијаннасловна страница
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics