Да се биде оригинален значи да се трага кон нови перспективи за одредена идеја, кои менуваат пристапи, , животи, светови. Но, дури и вистинските оригинали понекогаш го менуваат својот стил…
На ексклузивен настан, каде посебно беше нагласена оригиналноста и впечатливиот урбан животен стил, беа лансирани новите IQOS ORIGINALS Duo. Со извонреден спој на аудио-визуелна презентација, street food, оригинални коктели,инспирирани од новата палета на бои во портфолиото на уреди, хип-хоп ДЈ сет, брендот кој е предводник во светот на технологија за загревање, ги загреа сетилата на посетителите на оригинален начин.
Како и до сега, ниту еден ваков настан не би бил целосен без изненадувања. Оригиналноста и урбаната димензија беа запечатени со соработката IQOSxOX Streets, оригинална колекција составена од специјално дизајнирани дуксери во црна и бела боја, чорапи и капчиња во стилот на новите уреди, кои ја пренесуваат посебноста, оригиналноста и впечатливиот стил на IQOS ORIGINALS DUO, како и на самите корисници. Дополнително, за најбрзите четворица, кои имаа најголемо познавање за IQOS како подобра алтернатива од пушењето цигари, следуваа подароци: два пара патики и два скејтборди, персонализирани од стана на нашите уметници Игор Стевковски – Стевец и Драш.
Новата едиција IQOS ORIGINALS Duo со уште помодерен и стилски дизајн, базирани на веќедокажаната HEATCONTROL технологија, може да се нарача онлајн преку официјалната веб-страницата на IQOS, или пак на некоја од IQOS зоните и овластените продажни партнери.
































Нема коментари