• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Колекцијата „Црна лирика“ на Христијан Младеновски инспирирана од словенската паганска култура

Од stylist @StylistMKD · На јуни 8, 2023

hristijan 1

Дизајнерот Христијан Младеновски ја претставува својата нова колекција „Црна лирика“

Зачетокот на колекцијата „Црна Лирика“ лежи во интимната врска на нејзиниот дизајнер со неговите детски спомени од руралната средина во која е израснат. Овие спомени во прв план ја доведуваат симфонијата на словенскиот паганизам и поетската инкантација на древното словенско вештерство. Со примената на темни тонови и органски силуети колекцијата стреми да пробуди чувства на интроспекција, со цел да се поврзе набљудувачот и/или носителот со неговите или нејзините древни корени. Ова поврзување со сопствените корени кое зависи од усното народно пренесување на културата, традицијата, и народни слики во лирска форма е исто дел од клучната инспирација за колекцијата „Црна Лирика“.

hristijan 7

Во словенската култура се застапени разни форми на вештерство како резултат на цврстите културолошко-пагански корени. Примери за ваквите појави се жените врачарки, бајачки, божиќните традиции, итн. Преку овие форми на ритуал во современиот фолклор, словенските народи остануваат поврзани со нивните пагански корени. Голем дел од застапените пагански ритуали и не се директно поврзани со религијата. Голем дел од жени и мажи оделе кај врачарки правејќи магијски обреди за одредена цел (љубов, плодност, смрт, среќа, несреќа). Сите овие пракси се пренесуваат генерациски или усно, во форма на лирика, во народните песни, или графички прикази преку везовите на народните носии.

hristijan 2

Материјалите во колекцијата „Црна Лирика“ се со светкава и сјајна текстура. Колекцијата е составена од црно-сребрени тонови кои симболизираат мистичност, елегантност и морбидност. Металот е присутен поради застапеноста во многу древни словенско-пагански ритуали. Српот е додаток присутен како елемент кој е воедно и духовен. Во словенската паганска култура, жените врачарки верувале дека со српот имаат можат да ја покоси душата или клетвата на одредена личност за време на ритуал или баење, како што селаните ја косат жетвата.

hristijan 3

Исто така, присутни се модели кои потсеќаат на магионичар со цел да се образложи дека во словенскиот вештерски свет често биле присутни и мажите. Целта на оваа колекција е да ги вкрсти традиционалните и паганските мотиви. Паганските тенденции остануваат дел од магичниот реализам на современата култура. „Црна Лирика“ како колекција се стреми да ги инспирира набљудувачите да ја прифатат традицијата и паганизмот во нашето секојдневие, наместо да го отфрлаат во корист на западните глобалистички трендови.

hristijan 4

Со прифаќањето на сопствените корени, ќе формираме можност да ги смениме општествените норми, со оглед на тоа дека поради овие пракси голем број на луѓе имаат страдано во средниот век. Колекцијата „Црна Лирика“ исто така има за цел да ги потсети луѓето на интимната врската помеѓу човекот, природата и традицијата.

hristijan 5

Дизајнер: Христијан Младеновски/ Фотографија: Горан Поповски/ Модели: Мирослава Благојевиќ, Христијан Младеновски/ Шминка: Анастасија Величковиќ/ Фризура: Даниел Артевски/ Асистент: Сара Митковска

hristijan 6

hristijan 8

македонска модамакедонски дизајнериХристијан МладеновскиЦрна лирика
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics