• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Мотиви од колекцијата „(Не) Време“ на „Гоблен“ што нè потсетуваат на убаво и безгрижно време

Од Катерина Трајановска · На мај 21, 2015

1

Дизајнерката Евгенија Петровска-Вангелова која стои зад модниот бренд „Гоблен“ создаде серија од пет плик-чанти наречена „(Не)Време“, во која секој предмет во себе ја содржи формата на круг со пет различни мотиви насликани од страна на уметникот Александар Зафировски и во кои е сконцентрирана скриена симболика. Петте интересни чанти од шантунг свила со шара на гоблен, стар телефон, лустер, плетено миле и часовникот од Старата железничка станица, се предмет на новата фотосесија, што ја објавуваме на Stylist.mk, a на чија обратка работеа Зафировски и Иванка Ниневска.

-„(Не)Време’’ се роди во едно време на алармантно губење на вистинските вредности. Место на еутанизирање на души и погубување на свеста. Скпол на предмети и спомени, пролетни мириси со врежани симбол. Александар Зафировски е маестрален во симболичното пренесување пораки, токму затоа е дел од оваа серија – ни рече дизајнерката Евгенија.

2

Колекцијата се состои од 5 плик чанти со централно поставен круг, препознатлив за производите на „Гоблен“.

-Чантите се со димензии 30х16 см и се изработени од шантунг свила. Во оваа серија секој од круговите е рачно насликан од страна на Александар Зафировски и содржи ретро предмет кој симболизира едно време воедно пренесувајќи ја својата порака – вели Евгенија.

Таа има објаснување за секој мотив од чантите. Па така, големиот црн телефон е симбол на ретро домовите кој беше убав начин да се поврзеш со пријателите, потоа насликан е часовниот од Старата железничка станица, кој спореде Евгенија е симбол на „љубов, писма и пораки, куфер полн со мали, но значајни подароци, и чувство на среќа што си доаѓаш дома“. Портокаловиот лустер е светлината по која што се собираа семејствата навечер, на слави, на родендени, на топол чај… Гобленот е е присутен со секој дом, олицетворение на трпение, истрајност и топол дом, а расцветаниот цвет е спомен на едно убаво Скопје што мириса на пролет.

3

На колекцијата Евгенија работеше со уметникот Александар Зафировски кој ги наслика мотивите во круговите, па ја прашавме како дојде со заедничката соработка.

-Александар е мој долгогодишен пријател со кој што имаме неверојатно сличен пристап кон уметноста.Онаму каде што има простор за имагинација и три точки е нешто што инспирира и мотивира а за нас е неизоставен дел од правиот пат до уметноста.

-Јас може да зборувам за сликаниот дел од чантите. Секое време нè инволвира во неговиот рок на траење. Со сликање на ретро моментите сакам токму тоа да го избегнам – рокот на траење. Не постои стега, ограничување и впивање на заборавените моменти од животот. А зборот анимација со една мала додавка РЕ станува Реанимација т.е реанимирање на избледеното. Негово повторно враќање и постоење.Тогаш се добива поинаква форма и лик кој буди голицкање на душата и флерт со погледот – вели Александар за соработката.

4

Петте чанти со рачно сликани и везени мотиви според дизајнерката носталгично нè враќа во едно убаво и безгрижно доба, но истовремено претставуваат модни парчиња за современото време. Ја прашавме Евгенија како ги поврзува денешното време со ретро елементите од чантите, како креативно го прикажува мостот меѓу сегашноста и минатото.

- Кругот е судир на вчера и денес, времето е лекција и вистина е дека секое време носи своја убавина, но само тогаш кога е исполнето со добра мисла и конструктивна љубов.

5

 

6

7

8

9

10

11

Александар ЗафировскиГобленЕвгенија Петровска Вангеловаколекција на чантифотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1stefanija едиторијал

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics