• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Конкурсот за брендирање на слатко во рамки на Skopje Design Week отворен до први септември

Од stylist @StylistMKD · На август 26, 2014

konkurs01

Повикот за креативните решенија на дизајнерите за брендирање на слатко од домашно производство, од асортиманот на производителот „Јоми Фуд Велес“, што се реализира во рамки на Skopje Design Week, е отворен до 1 септември. Наградата во висина од 200.000 денари ја обезбедува  Здружението на граѓани – Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – „Браво Сине!“, а проектот за брендирање на национални производи се спроведува во соработка со Skopje Design Week (SDW). Четвртото издание на Skopje Design Week оваа година ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли Ан.

konkurs77

Станува збор за конкурс за брендирање на седум видови на слатко: аронија, вишна, јагода, портокал, зелена смоква, малина и  дива капина. Сите пријави испратени на интернет адресата Ivo.laurencic@bravosine.mk до 01 септември 2014 година се сметаат за примени од моментот кога ќе им биде доделена шифра од страна на администраторот. Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – „Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед. Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот. Наградата се исплатува најдоцна еден месец по јавното прогласување на победникот.

konkurs0

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, на возраст до 28 години и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:  Движењето за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје има право да ги изложува на јавни настани дизајнерските решенија (идејни проекти) поднесени од сите кандидати, со цел популаризирање на креативноста и самиот Проект за брендирање на автентични национални производи. Здружението се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението. Кандидатот го задржува авторското право врз идејното решение;- Кандидатот чие дизајнерско решение (идеен проект) ќе биде наградено, ги отстапува сите авторски права на Здружението на граѓани — Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ – Скопје;
Секој кандидат гарантира за оргиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото;
Еден кандидат поднесува еден сет на дизајнерски решенија или идеен проект;
Организаторот го задржува правото на избор на две дизајнерски решенија (идејни проекти) кои влегуваат во истиот награден фонд;
konkurs3
Елементи кои треба да бидат аплицирани на предложените решенија за осмислување на изгледот на амбалажата – етикети се: Името на новиот бренд за сите типови на слатко кои се предмет на задачата; Името на производителот – Јоми Фоод ДООЕЛ, Скопски пат бб, Велес;  Состав: овошје, шеќер, вода; Датум на производство и  Тежина во грамови
Заради оптимизација на трошоците во продукцијата (печатење) и понатамошниот процес на рачно лепење на етикетите, се препорачува креирање на дизајнерски решенија со едноставна продукциска изведба. Да се одбегнува комплицирана штанца, златна и сребрена боја, доработка на продуцираните решенија по печатење (лак во детали и сл.)  Со оглед на потребата за приближување на слаткото до младата популација, се сугерира соодветен пристап за споменатата целна публика во вкупната предложена креатива – репозиционирање кон модерно и во тренд, со свеж и впечатлив пристап;  Со оглед на тоа што слатката се произведуваат по традиционална рецептура, без употреба на конзерванси, производите се сместуваат во групата – вкусно и природно.
Задолжителни елементи се: осмислување на изгледот на амбалажата на сите седум типови на слатко поединечно, во иста гама на креативен пристап (сет од седум различни видови), на еден тип на амбалажа од 450 грама, со можност за понатамошна адаптација на друга величина на амбалажата.

konkurs1

„Јоми Фуд“ е компанија формирана со домашен капитал, основана во 2007 година. Производствениот асортиман на компанијата го сочинуваат ајвар и лутеница, пастеризирани производи од зелка и различни видови слатко. Слатката на „Јоми Фуд“ се претежно присутни на домашниот пазар (околу 80% од производството), додека помал дел од производството (околу 20%) се пласира на странски пазари. Суровините за производство на слатката се од домашно потекло (аронија, вишна, зелена смоква, малина, јагода, дива капина), со исклучок на суровината за производство на слатко од портокал.

SDWSkopje Design WeekјагодаЈоми ФудЈоми Фуд ВелесаронијаБраво Синевишнадива капинадизајн на амбалажаЗдружението на граѓанизелена смокваИВО ЛАУРЕНЧИЌконурсКуршумли АнмалинаНедела на дизајн СкопјеповикпортокалСкопска недела на дизајнслаткотеглатегла за слатко
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics