Шик, урбани, мали, необични, забавни, чантите со кружна форма се модниот додаток што ви е потребен оваа пролет. Инспирирани од кутиите за шапки и од минијатурните куферчиња популарни во 50-тите, кружните чанти се вратија во последните колекции на дизајнерските куќи како еден од главните трендови за пролет-лето 2018. Со мали метални рачки или долга за преку рамо, што се држат во рака или со мала кожена рачка, овие чанти можеби се мали по големина (а и што друго ви треба освен мобилен, кармин, кредитна картичка), ама имаат голем импакт на пролeтниот стил. Украсени и свечени, едноставни и минималистички, лежерни и сламени, кружните чанти се must have на сезоната.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари