Зимските модни додатоци како шалот, плетената капа, ракавиците и шубарите се неопходни доколку сакаме да се згрееме во студените месеци, но најелегантниот детаљ секако е шапката. Можеби не грее толку многу како плетената капа, ама ја возвишува секоја модна комбинација. Без разлика на трендовите, шапката како моден евергрин се вклопува скоро во секој стил. Иако е разнолик моден детаљ, поради впечатливоста и екстравагантноста, повеќето жени не се осмелуваат да носат шапка. Но, да погледнеме како ѕвездите на уличната мода го носат овој моден додаток и да се инспирираме да го додадеме и во нашиот зимски стајлинг.
Повеќето модели на шапка имаат структурален облик, а добро се комбинираат со класичен капут со рамен крој, интересни костими, зимски бунди и јакни. За дополнително да ја зачините комбинацијата, ставете свилена марама со принт под шапката. Најчесто се носат црни, бежови и кафени шапки, но можете да одберете модел во сина или бордо нијанса. Трендсетерките демонстрираа дека и наједноставната шапка може да се вклопи во стајлинзи со облека со релаксирана силуета, капути во јаки бои и понекогаш со патики, за да се добие сосема нов и посмел изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари