• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кул-листа 0

Модно-музички микс со Зоки Бејбе

Од stylist @StylistMKD · На февруари 11, 2014

5

 

Диџеј, сериозен познавач на домашната клабинг-сцена и скопска кул-фаца, Зоки Бејбе ќе го сретнете како зуе низ градот на својот скејтборд ширејќи позитивна енергија. И после толку години пуштање музика во најдобрите кафулиња и клубови, таа му е задолжителен дел од животот. Секогаш весел и насмеан, со Зоки Бејбе зборевме за музиката и за тоа како модата се преплетува во неговиот живот, како преку блиските пријателства со дизајнерите и со една наша  позната супермоделка, така и преку неговиот личен стил. Иако добро комбинира модни парчиња, ни откри дека кога повторно би се појавил на телевизија како водител, би ангажирал стилист кој ќе се грижи за неговиот изглед.

>>Со каква музика го почнуваш денот?

-Со музиката од градината на кафулето „Излет“. Од кревет до моето макијато ме делат 30 минути. Најчесто тоа е џез или deep house.

3

>>Кои албуми артисти ти ја обележаа 2013 година?

-Албумот на рускиот њувејв бенд Human Tetris „Happy Way of the Maze of Rebirth“ е највртениот и најслушан во моите сесии. Кога го слушам како да сè да е во ред со планетата, како 80-тите да не си заминале со добра причина. Вториот албум е ремек дело – микс-албумот на техно и хаус продуцентот од Детрот, Тео Периш насловен како „Black Jazz Signature Mix“.

7

>>Кои се според тебе најстајлиш музички траки?

-На читателите ќе им го препорачам e мојот stylish Mixcloud. Ова е адресата:

https://www.mixcloud.com/zoki-bejbe/

>>Што значи да си модерен во денешно време?

-Да бидеш свој. Исто така да имаш став кој јасно го покажуваш. Модерен може да биде секој што го следи трендот, но за мене модерни се тие кои први го внесуваат трендот, ненамерно и крајно непретенциозно. Тие луѓе најчесто се добри во нешто друго, а со облеката може да послужат за инспирација. Види,  денес сите изгледаат како скејтери или брадосани номади. Модата се инспирира од животот.

6

>>Зошто маиците од „Југотон“ на тебе изгледаат како да ги искомбинирал некој дизајнер?

-На маиците од „Југотон“ или на оние од „Певекс“ им требаат само добри фармерки и патики и дизајнерот нека си брка своја работа. Стилистите се тие кои комбинираат дизајнерски парчиња за потребите на фотографиите или ревиите. Кога сега повторно би работел на телевизија како некогаш, не би се осмелил да се појавам без стручен стилистички совет или некој што баш го бива, бидејќи познавам и такви луѓе кои се родени стилисти.

>>Најшизичко место каде што си пуштал музика?

„Би Ко Фе“ во Љубљана. Тоа е бар кој Tripadvisor го нарече хипстерска мека, но всушност станува збор за квалитетен уметнички, пред сè музички простор со супер тежина. Да не веруваш колку ова двособно кафанче успеа да ја размрда љубљанската музичка сцена. Наскоро ме очекува втора средба пред пријателите од кои повеќето се диџеи. Како да настапувам пред професори, иако со години сум постар од цела екипа.

2

>>А најоткачено место?

-Имало многу такви, од журка на платформа на сред море во Албанија, до прозор на кафетерија во Хрватска каде цело лето го поминуваш миксајќи музика по шорцеви и маичка, а навечер пушташ музика во клуб до 5 часот наутро, со купишта колеги од секаде. Тоа ми се случи на Хвар во 2004 година.

4

>>Твоја топ листа на најдобрите журки во Македонија?

-Првото гостување на познат странски диџеј во Скопје, DJ Dimitri во МКЦ во 1998 година, Еди Ричардс во „Метропол“, Умек во МКЦ, Deetron во Охрид, Дерик Меј во Охрид, Little Loui Vega со скришен настап во „Сектор“. Ниту редоследот е овде битен, ниту останатите журки што ги паметам како магично квалитетни се помалку битни од овие.

>>Можеш ли да го издвоиш твојот најдобар настап во странство?

-Тој се случи неодамна, минатиот октомври во клубот Paradiso во Амстердам. Имаше многу драги пријатели кои живеат таму беа на подиум и прекрасна публика на оваа голема журка.

nl-paradiso-amsterdam

Сетот не беше долг, но ексклузивен, затоа што беше речиси сиот составен од македонска хаос и техно продукција. Незаборавно!

>>Што знаеш за македонската мода?

Ау, еден период буквално живеев со неа. Александар Ношпал ми беше најдобар другар, воедно имам едно прекрасно и многу посебно пријателство со Никола Ефтимов. Тоа беа години кога сцената се создаваше, па беше возбудливо. И денес следам мода онолку колку што можам. Имам пуштано музика на многу ревии, но последна со која се гордеам беше ревијата на Кокев-Кадриу во дворот на музејот на ВМРО. Гостите на ревијата цупкаа од што им се допадна музиката. Каква сатисфакција.

1

>>Кој домашен дизајнер најмногу го следиш во работата?

Бобан Илиевски бидејќи со својата прва ревија покажа дека ќе биде лидер и од него може само да очекуваме чуда. Росица Мршиќ прави совршени дизајни, а и самата е најдобро дотерана млада жена во Скопје. Лидија Георгиева која има толку силен печат и која да може семафорите ќе ги дотера, последно нешто што видов беше мебел. Литка е француска школа човек, не само дизајнер. И секако Тања Кокев која е веќе силен бренд во секоја смисла, од креативен, па до бизнис аспект.

 

Зоки Бејбекултурен прашалникмакедонски диџеј
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 10374385_10202880816155313_127978606_n кул-листа

    МАРИЈА АТАНАСОВСКА: Музиката е мојата вечна инспирација

  • portret кул-листа

    ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ: Актер, пејач, танчер, режисер… секогаш уметник

  • кул-листа

    ИВАНА ТАСЕВ: Џеф Бакли, Оскар Вајлд и „E.T.“ ми го сменија животот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics