• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Ласерска терапија: Како треба да ја негувам мојата кожа после третманот?

Од stylist @StylistMKD · На октомври 31, 2018

Eucerin moodpicture

Дерматолозите често препорачуваат ласерска терапија за намалување на знаците на стареење или за лечење на кожни состојби како хиперпигментација и белези од акни.

Што претставува ласерска терапија?

Зборот LASER е кратенка од Light Amplification of Stimulated Emission of Radiation (засилена светлина со стимулирано зрачење). Ова е всушност и описот на којшто функционира ласерот: светлосните зраци се вештачки генерирани, контролирани и искористени за да продрат во човечкото ткиво, со цел корекција на бројни медицински и козметички проблеми.

Едноставно кажано, проблематичните делови на кожата се „напаѓаат“со високоенергетска светлина. Таа светлина преминува во топлина и делува на целната зона. Најлесните процедури делуваат само на површината на епидермисот (површинскиот слој) на кожата, додека поинтензивните процедури можат да продрат во најдлабоките слоеви на кожата.

Ласерската терапија овозможува попрецизно лечење во споредба со хемискиот пилинг и се препорачува за намалување или отстранување на:

  • фините лини и и брчки
  • варикозни вени
  • розацеа
  • проблеми со хиперпигментацијата, како на пример возрасни дамки (познати уште и како сончеви дамки/флеки) и дамки од акни
  • лузни (вклучувајќи и лузни од акни)
  • стрии
  • несакана влакнетост
  • тетоважи

Какви ласерски третмани постојат?

Постојат повеќе видови ласерски третмани кои се користат во дермато-козметологијата и тие се поделени во две основни групи: аблативни ласерски третмани и неаблативни ласерски третмани:

Аблативни ласери

Аблација е медицински термин којшто означува отстранување на материјалот од површината на структурата, преку ерозивен процес. Со аблативниот ласерски третман се отстрануваат горните слоеви на кожата, па опоравувањето по третманот може да потрае и неколку недели. Аблативните ласери често се користат за намалување на лузните. Тие исто така се користат и за намалување на брчките, бидејќи можат да го стимулираат производството на колаген. Постојат два различни вида на аблативни ласери – јаглерод диоксид и ербиум ласери.

Неаблативни ласери

Неаблативните ласерски третмани ја оставаат кожата непроменета и иако има извесно зацрвенување после третманот, кожата обично брзо се обновува. Бидејќи делуваат на површината на кожата, особено се ефикасни за отстранување на проширени вени, третман на хиперпигментации, намалување на фините линии и малите брчки и отстранување на несакана влакнатост и тетоважи. Постојат неколку видови неаблативни ласери, но најчесто користени се импулсни ласери (Pulsed Dye Lasers или DPL), неодимови (Nd:Yag) ласери и александрит ласери.

Дерматолозите користат и други неласерски третмани базирани на светлина, како интензивната пулсна светлина (IPL).

Како да ја негувам мојата кожа после ласерски третман?

Ласерската терапија секогаш треба да ја прави обучен и искусен лекар, а пациентот треба да се придржува на упатствата пред и после третман.

Кога кожата целосно ќе се обнови (процес познат како реепителизација), оддржувањето на влажноста во кожата ѝпомага да се опорави. Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа претставува SOS нега за кожата, токму она што ѝ е потребно. Мевлемот образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород кон и од кожата. Формулата содржи глицерин – ефикасна хидратантна состојка, којашто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата.

Глицеринот дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека формулата Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа го помага оздравувањето на многу сувата, расапукана и иритирана кожа. Не треба да се нанесува на отворени, влажни рани или рани што крвават.

Обновената кожа после ласерски третман веројатно ќе биде и многу чувствителна кон сончевата светлина. Затоа е важно после процедурите да се заштити со производ со висок заштитен фактор од сонце, дури и на облачно време. Линијата Eucerin Sun вклучува производи за заштита од сонце за лице со висок и многу висок фактор (30, 50 и 50+), за да ѝ ја обезбеди на кожата неопходната заштита после ласерски третман.

EucerinAquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл:

eucerin aquaphor

EucerinEucerin AquaphorЕуцеринласерски третманмевлемнегаоштетена кожаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics