• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Лекции по слоевито облекување – стилски трикови на сезоната кои мора да ги испробате

Од stylist @StylistMKD · На ноември 15, 2022

0

Од тенки ролки што се лизгаат под плетените џемпери до удвојување на облеката за надвор, еве неколку совети како да го совладате облекувањето во слоеви оваа сезона

Зимата не само што ја најавува можноста да гравитираме кон нашите најудобни парчиња облека, туку и ни овозможува да носиме повеќе омилени парчиња одеднаш. Завиткувањето против студот може да биде мајсторија во мултифункционалното облекување, каде што редењето на слоеви беспрекорно ќе ви помогне во облекувањето од утро мрак, за надвор или во затворени простории. Најлесно е да облечете гломазна монтка за да се згреете, но има денови кога сакате да изгледате префинето и со стил, тогаш применете го слоевитото облекување. Кои парчиња и како да ги споите, подолу неколку совети како да ја совладате уметноста на слоевитост сезонава.

1

Носете две парчиња за надвор

Сакоата се главна облека во транссезонскиот период, но штом ќе падне температурата, не се доволно прилагодени за да ги носите како самостојно парче, освен ако најголемиот дел од денот го поминувате во затворен простор. Внесете ги вашите омилени добро скроени сакоа во зимската гардероба, така што преку нив ќе облечете капут – за да се затоплите кога сте надвор, но и да изгледате стилски и модерно.

2

Вметнете спортска облека

Супермеката спортска облека ќе се покаже како неопходна во текот на оваа сезона – во студените денови, природно гравитираме кон предимензионирани парчиња што нè штитат од студот, а памучните дуксери се лесна опција. Но, оваа сезона, наместо да ги носите со дебела монтка, за постилски изглед комбинирајте ги со елегантен мантил или капут.

5

Монохроматски модни слоеви

Елегантен и деловен е спојот на костим со панталони и врз него капут, за оваа сеозна модните познавачи препорачуваат слоеви во еден тон, на пример, беж, сива, боја на карамела или на фстак. Овој слоевит спој може да биде надграден со тенок џемпер или ролка под сакото, како и со чевли и чанта во иста нијанса како облеката.

3

Впечатлив шал – завршница на слоевитото облекување

Шалот е еден од најкористените додатоци секоја есен и зима, па зошто да не се одлучите за еден шарен и дебел како овој модел на Loewe што ќе донесе радост во вашата секојдневна облека? Изберете големи волнени ткаенини што може да се обвиткаат како ќебе или раскошно да се завиткаат околу вратот, овој дополнителен слој на плетиво ќе ве заштити дури и од најниските температури.

6

Двоен слој на плетенина

Префинетата ролка е едно од најразновидните парчиња во вашиот плакар, благодарение на лесната способност да се носи самостојно или да под друга облека, од кошули до фустани. Но, оваа сезона, ја координираме со уште едно друго плетиво, на пример елек или џемпер.

4

Игра со текстура

Природните влакна навистина доаѓаат до израз на есен/зима, кога тактилноста станува клучна и носењето на текстурирано плетиво е популарно. Плетениот џемпер со плетенки или некој друг текстуриран мотив е задолжително парче сезонава, може да се носи на повеќе начини, зошто да не и заврзан околу рамената како шал?!

капутплетенослоевито облекувањестилски идеистилски советишал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 сам свој стилист

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Пролетен минимализам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics