• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

LUCID DREAMS IN THORN REALITIES: Капсулна колекција на Јована Филиповиќ и Ајбуке Баркчин

Од stylist @StylistMKD · На јуни 10, 2021

JF_AB

Lucid Dreams in Torn Realities, новата колекција на Јована Филиповиќ во соработка со Ајбуке Баркчин претставува олицетворение на едно пријателство, кое доведе до соработка, каде и двајцата креативци решија да размислат за разорните ефекти на пандемијата и да претстават колекција што ја потенцира важноста на сонувањето и младешката фантазија.

AD4

Женственоста, функционалноста, елегантноста и препознатливиот монохроматски израз на Јована Филиповиќ, овој пат е надополнет со енергијата и уметничкиот израз на Ајбуке Баркчин, која се јавува како ко-дизајнер/соработник на колекцијата.

Своето искуство Баркчин го гради најпрвин во Турција, студирајќи меѓународни односи и графички дизајн, а потоа го надоградува знаењето во Америка, Франција, Хонг Конг и на крај во Италија на факултетот за мода Полимода, каде што и се спојуваат патиштата со Јована и веќе истата година почнуваат да соработуваат на неколку проекти.

AD5

Токму тоа пријателство е и почетната инспиративна точка на оваа капсулната колекција за есен-зима 2021, и обидот да се трансформираат нивните две тотално различни креативни енергии во еден хомоген приказ.

Втората инспирација е спој од книгата на Луси Керол, „Алиса во земјата на чудата“, и јапонското аниме Paprika, базирано на новелата на Yasutaka Tsutsui.

AD6

Колекцијата содржи вкупно 18 изгледи и секој изглед по себе носи некоја приказна раскажана или прераскажана во вид на форма, идеја, порака или принт.

Црвените рози кои се јавуваат како принт на кошулите црпат инспирација од средбата на Алиса со кралските градинари кои ги бојат белите рози во црвени, и истовремено се референца на еден вид ескапизам и создавање на своја нова реалност, спротивставувајќи и се на природата.

14

Плисираното јако сино свилено здолниѓте носи референца од познатата сина боја на Волт Дизни, која буди сеќавање на младост, наивност и бајковитост. Принтовите на црвената кошула се реинтерпретација на неколку верзии од најпознатите приказни на Дизни, прераскажани и претворени во „реални“ приказни, со цел да илустрира како може да изгледа „растргнат“ животот кога се напушта чинот на сонување.

Чувството на топлина е присутно во кадифените парчиња, кои го опкружуваат телото како да се буди од сон. Добро скроените парчиња со цврсти и дефинирани јаки се тука да го заштитат телото, и да изразат моќ и сила. Елемент на разиграност е пренесен преку боите, како и по неочекуваниот стајлинг. Сите изгледи се надополнети со модни додатоци, ланчиња-чокери и алки кои имитираат трње и рози, како и синџири кои претставуваат симболична референца за прицврстување и втемелување во новата реалност.

01

03

06

07

08

10

11

13

14

15

17

18

20

22

23

25

26

27

29

30

32

33

35

Lucid Dreams in Torn RealitiesЈована ФилиповиќАјбуке Баркчинакедонски дизајнАлиса во Земјата на чудатамакедонска модамакедонски дизајнеримодна соработка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics