• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Брендот Лудус добитник на наградата за најдобро шоу на Љубљанската модна недела

Од stylist @StylistMKD · На октомври 15, 2020

SH5A4552

СТРУЧНОТО ЖИРИ НА ЉУБЉАНСКАТА МОДНА НЕДЕЛА ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „WOW SHOW” НА МАКЕДОНСКАТА МОДНА ЕТИКЕТА ЛУДУС ЗА МОДНОТО ВИДЕО „РЕКВИЕМ: ПОСТ-РОДОВОСТ III”

Во саботата, на 10 Октомври се затвори Љубљанската модна недела со доделување на наградите за најдобрите презентации и колекции меѓу кои ја додели наградата „WOW Show” на македонската модна етикета Лудус.

Љубљанската модна недела се оддржа од 1 до 10 октомври и овој пат во посебни услови диктирани од пандемијата 10-те дена беа полни со дигитални, ревијални и инсталациски презентации на модните дизајнери од Словенија и регионот.

„Лудус” беше поканет да учествува во делот на модните филмови на дизајнерите кои поради пандемијата беа спречени да бидат присутни на овогодишното издание. Промоцијата се случи на 5 и 6 октомври во МАО – Музејот за архитектура и дизајн на Словенија.

„Лудус” ја претстави последната колекција „Реквием: Пост-родовост III” со видео каталог изработен од видеографот Мирослав Илиќ, со моделите Ивана Манасиевска (Моделс Ин) и Стефан Китановиќ и шминка и фризура на Мартина Ивановска.

Колекцијата е трет дел од низата колекции насловени како „Пост-родовост” и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родовите и родовите улоги, а овој пат е истовремено и обид на авторот Драган Христов за омаж на западната цивилизација и култура и говори за нејзината деклинација во нашите „анти-интелектуални” времиња. Присутни се очигледни визуелни референци од античките и класицистичките историски костими што се адаптирани во современ производ без трендовски ознаки.

Како најнов чекор на етикетата кон одржливост и етичко производство, а истовремено диктирано од најновите производствени динамики во време на пандемијата, „Лудус„ вклучи рачно обоени материјали на целосно природен начин со ботанички состојки како калинка и рогач. На овој начин се достигнува органскиот ефект и неутралната палета на бои кон што „Лудус„ крајно цели.

SH5A5031

Колекцијата „Реквием: Пост-родовост III” е составена од 16 родово неутрални комбинации на 23 парчиња облека изработени во неутрална палета на бои што вклучува црна, бела и сива боја, овој пат надополнета со сиви природни тонови, добиени со рачно боење на бели материјали како памук, памучно жерсе, лен и купро.

„Лудус” е застапен на странскиот пазар преку продажбата од сопствениот сајт ludus.com.mk, неколку интернет продавници во Европа, Англија и САД, како и концептуалната продавница „Пентља” во Љубљана, долгогодишен застапник на колекциите на „Лудус” каде може да се најде и оваа колекција.

Фотографии: Лазар Зафировски

SH5A4600

SH5A4607

SH5A4614

SH5A4708

 

SH5A4860

SH5A4893

SH5A4948

SH5A5038

SH5A5046

SH5A5127

SH5A5143

SH5A5173

SH5A5190

SH5A5289

LudusЉубљанска модна неделаЛудусмакедонска модамакедонски брендмакедонски дизајнеримодна наградаПост-родовост
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics