• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Марија Милошевска пак ги дизајнира статуетките за најдобрите на фестивалот за музички документарци ДОРФ

Од Ана Несторовска · На март 20, 2015

marija3

Етаблираната македонска дизајнерка на современ филигран, Марија Милошевска, трета година по ред ги дизајнира статуетките за најдобрите на фестивалот за музички документарци ДОРФ, што неодамна се одржа во Хрватска. Главната награда годинава ја освои филмот Izgubljeno dugme на авторите Рената Тонковиќ, Роберт Бубала и Марија Вукадин. Посебни признанија од  жирито добија филмовите: Sudar u dvorcu на Арсен Оремовиќ и Vrijeme za improvizaciju на Тина Лешничар. Посебна награда ДОРФ посвети и на одличната темелна приказна за бендот Morphine.

dorf

Победниците на ова издание на ДОРФ

И оваа година статуетките означуваат спој на музика и филм. Тие се своевиден спој на старите телевизори и грамофоните. При нивната изработка Милошевска направила комбинација на медиапан, плексиглас, сребро, челик и алуминиум.
-Веќе четврта година по ред сум дел од овој фестивал и како учесник и како соработник. Овој пат инспирацијата ми беше да ја спојам асоцијацијата на старите телевизори со копчиња за менување на програмите и грамофонот во една целина. На самиот екран се гледа винил полоча чиј центар е исполнет со мој филигрански ракопис, чија жица ја преминува границата на стаклениот екран се спојува со иглата за грамофонот кој воедно претставува и подвижна антена која ни дава сигнал со окцето за да ја видиме и другата страна. Окцето, уште при дизајнирањето на првата награда, стана препознатлив симбол во мојот дизајн за наградите за овој фестивал. Големината е прилагодена да асоцира на денешните таблети и смартфони, така што овој уникат со себе ги носи и минатото и сегашноста, а најзаслужните ја пренесуваат приказната во иднината-објаснува Марија.

marija dorf1

Уникатните статуетки создадени од македонската дизајнерка на накит

Вели дека наградата е признание и мотивација за понатамошно творење, предизвик да се биде уште подобар.
-Наградата која  ја добивам во овој случај е задоволството, чиј крај се надоврзува во друга димензија, оди во други раце како негово признание. А воедно ја имам и слобода да се изразувам и креирам на сопствен начин и приликата да соработувам со луѓе кои ми веруваат,  акција и реакција. Со самото тоа што овој фестивал нуди богата програма и досега присуствувале доста познати имиња од филмската и музичката сцена, па и од уметничката, признанието на овој фестивал за најдобар филм си има свој посебен рејтинг и белег. Оваа година наградата отиде за приказната за бубњарот Ипе од бендот „Бјело Дугме”. Филм кој ја избегна замката за приказната за големиот бенд и ја прикажа преку животот на поединецот во светот на музиката и индустријата-вели таа.
Поради преголемиот избор на добри филмови, жирито реши оваа година да се доделат и две награди со посебно признание , а една посебна награда  додели самиот фестивал. Оваа година фестивалот се одржуваше во три градови- Винковци, Вуковар и Осјек, имаше гости кои директно од Естонија дојдоа да го гледаат филмот за Morphine. Марија раскажува дека организаторот, како и секоја година,  ги угостил со добри концерти, филмови, гости и забава.

marija dorf2

Со секој свој нов проект оваа македонска дизајнерка на накит докажува дека старата филигран-техника има примена не само во актуелната мода, туку и во современите платформи на креативно изразување. Откако го спои со рок-музиката и фотографијата, му даде нов живот на филигранот и на филм со „Сребрена песна“ во режија на Kирил Шентевски, посветен на нејзината работа. Со овој филм се претстави на ДОРФ, во 2013 година, а учествуваше и на конкурсот на шестото издание фестивалот, со својата изложба „Оророк“.
Ова не е единствен ангажман на Марија како авторка на статуетка на награди. Има соработувано со фестивалот „Лица без маски“ за кои изработи уникатни признанија од филигран со сребро, кои го претставуваат логото на фестивалот. Таа стои и зад дизајнот на уникатната статуетка за најдобра колекција на Stylist.mk наградите, што ѝ беше доделена на Росица Мршиќ, за нејзината линија есен-зима 2013/14 издание на Модниот викенд-Скопје.

marija-so-nashata-nagrada

Марија ја дизајнира и уникатната статуетка за најдобра колекција на Stylist.mk наградите за есен-зима 2013/14

Милошевска е дипломиран етнолог. Својата пасија кон традицијата и народната култура по завршувањето на студиите ја посветила на изучувањето на филигранскиот занает. Изминативе девет години ја води својата „Оро работилница“ во рамките на која има учествувано на повеќе групни изложби. Таа постојано трага по нови форми на изразување, па во таа насока се и нејзините планови за во иднина. Марија ја паметиме по изложбата „Оророк-ладна жица стопена во жежок ритам“ во Скопје, пред три години. Со овој проект креаторката на накит ги сублимира делата од своето неколкугодишно творештво, кое се движи околу нејзината основна инспирација – југословенската рокенрол-музика („Азра“, „Хаустор“, ЕKВ и „Мизар“). Секоја од уникатните изработки беше поврзана со одредени стихови од песна и претставуваше нивно материјализирање преку автентично творештво. На изложбата беа претставени и фотографии со авторите и изведувачите на музиката и во контекст на нивните дела.

marija2

Славниот музичар Дарко Рундек беше дел од проектот на Марија: „Оророк-ладна жица стопена во жежок ритам“

Kирил ШентевскиStylist.mk наградиДОФРмакедонски дизајнери на накитМарија Милошевскамузички документарциОророкСребрена песнафилигранХрватска
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics