• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Марија Милошевска ја дизајнира статуетката за најдобар филм на фестивалот ДОРФ

Од Ана Несторовска · На март 11, 2014

Една од најкреативните македонски дизајнерки на накит во филигран-техника, Марија Милошевска, втора година по ред ја дизајнира статуетката на фестивалот за музички документарци ДОРФ, што деновиве се одржа во Винковци, Хрватска. Наградата, во форма на филска лента, е изработена од плексиглас, бакар, сребро и челик. Уникатната статуетка, која му се доделува на најдобриот филм, годинава отиде во рацете на словенечкиот режисер Душан Моравец.

Статуетката на Марија во рацете на словенечкиот режисер Душан Моравец

-Инспирацијата за оваа статуетка, а воедно и симболиката на оваа награда, претставува спој на музика и филм, рокенрол во 8Д димензија, каква што е и енергијата на самиот фестивал. Веќе три години сум присутна на фестивалот и оваа награда всушност претставува моја преработка на музика и филм, во дело низ кое се гледа бескрајноста на „жицата” во сите сфери. Истото го потврдува и главниот лик во победничкиот филм Pravi čovjek za kapitalizam, на Душан Моравец од Словенија, кој заслужено ја понесе оваа награда. Фестивалот оваа година покажа одлична организација, полна програма, одлични гости и еден куп нова инспирација за следната година. Наградата е изработена од плексиглас, бакар, сребро, челик и многу љубов -ни изјави Марија, само неколку часа откако се врати од Винковци во Скопје.

Статуетката на фестивалот за музички документарци ДОРФ со потпис на Милошевска

Марија со секој свој нов проект докажува дека старата филигран-техника има примена не само во актуелната мода, туку и во современите платформи на креативно изразување. Откако го спои со рок-музиката и фотографијата, му даде нов живот на филигранот и на филм со „Сребрена песна“ во режија на Kирил Шентевски, посветен на нејзината работа. Со овој филм се претстави на ДОРФ, минатата година, а учествуваше и на конкурсот на шестото издание фестивалот, со својата изложба „Оророк“. На покана на директорот на ДОРФ, најверојатно ќе ја креира статуетката за најдобар филм и наредните години.

Ја направи и наградата на фестивалот „Лица без маски“

Ова не е единствен ангажман на Марија како авторка на статуетка на награди. Лани соработуваше со фестивалот „Лица без маски“ за кои изработи уникатни признанија од филигран со сребро, кои го претставуваат логото на фестивалот. На големо задоволство на тимот на Stylist.mk,  таа стои и зад дизајнот на уникатната статуетка за најдобра колекција на Stylist.mk наградите, што на 31 октомври 2013 ѝ беше доделена на Росица Мршиќ, за нејзината линија презентирана на есенското издание на Модниот викенд-Скопје.

Статуетката што Марија ја дизајнира специјално за наградите на Stylist.mk

Милошевска е дипломиран етнолог. Својата пасија кон традицијата и народната култура по завршувањето на студиите ја посветила на изучувањето на филигранскиот занает. Изминативе осум години ја води својата „Оро работилница“ во рамките на која има учествувано на повеќе групни изложби. Таа постојано трага по нови форми на изразување, па во таа насока се и нејзините планови за во иднина. Марија ја паметиме по изложбата „Оророк-ладна жица стопена во жежок ритам“ во Скопје, пред две години. Со овој проект креаторката на накит ги сублимира делата од своето неколкугодишно творештво, кое се движи околу нејзината основна инспирација – југословенската рокенрол-музика („Азра“, „Хаустор“, ЕKВ и „Мизар“). Секоја од уникатните изработки беше поврзана со одредени стихови од песна и претставуваше нивно материјализирање преку автентично творештво. На изложбата беа претставени и фотографии со авторите и изведувачите на музиката и во контекст на нивните дела.

Марија со статуетката за најдобра колекција, на доделувањето на наградите на Stylist.mk

Kирил ШентевскиStylist.mkStylist.mk наградиВинковциВистинскиот човек за капитализамДОРФДушан МоравецЛица без маскиМарија МилошевскаМоден викенд-СкопјенаградиОророкРосица МршиќСловенијаСребрена песнастатуеткафилигранХрватска
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics