• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МАРИНА ЦИГАРИДА: Напорната работа носи патувања за паметење!

Од stylist @StylistMKD · На јуни 3, 2016

Marina Cigarida

Амбасадорот на Хуманоста и Зоналниот Менаџер на Зона 6 во AVON Македонија неодамна беше наградена со патување во Јужна Африка како резултат на големите успеси во работата. Таа во AVON Македонија е цели 11 години, а функцијата Зонален менаџер ја исполнува од 2011-та година 

Личниот труд, пресликан во управувањето со солиден и обучен тим за продажба кој функционира беспрекорно и монолитно, придонесе младата и скромна Марида Цигарида, да освои престижни награди кои се резервирани само за најдобрите во регионот. Веќе втора година, таа гордо ја носи титулата “Амбасадор на Хуманоста”, за постигнати особени резултати во продажбата на производи од линијата со розова панделка, чии средства AVON ги донира за проекти насочени кон борбата против ракот на дојката. Но, нејзините залагања во сферата на хуманото не застануваат тука. Таа со својот личен активизам и залагање во настојувањата за подигањето на свесноста за превенцијата од ова болест, е пример за вистински промотор на хуманоста.

Marina Cigarida 1

Покрај успесите на планот на хуманите акции, таа по вторпат се закити со уште една престижна титула – Најдобар Зонален Менаџер за 2015 година, кое ја одведе во Јужна Африка! За сите љубители на адреналинот и на далечните дестинации, Марина ги споделува личните искуства од егзотичното патување:

“Патувањето “Circle of Excellence” е наградно патување за најдобрите Зонални Менаџери од Централна Европа. Свои претставници на ова патување имаа и Бугарија, Србија, Албанија, Романија, Хрватска, Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина. Со оглед на тоа дека ова е мое второ патување како најдобар зонален од Македонија (првото беше во 2013-та година во Хонг Конг) можам само со воодушевување да кажам дека овојпат организацијата беше на уште повисоко ниво, со одлична програма, многу активности за анимирање и секако - поткревање на адреналинот!”

Како највпечатливи моменти од патувањето, Цигарида ги издвојува:

“Посетата на Националниот Парк Pilanesberg, каде дури трипати имавме можност да одиме на незаборавно сафари-доживување, буквално да се споиме со прекрасната природа која е главно обележје на шареноликата Јужна Африка и да се почуствуваме слободни во центарот на уникатниот животински свет. Бевме очи во очи со лавови, жирафи, куду антилопи, слонови, нилски коњи. Следната авантура беше искачувањето на Table Mountain, во чие подножје е сместен Cape Town. Планина која се смета за едно од постоечките светски чуда на природата, е карактеристична поради тоа што на врвовите завршува како рамнина и потсетува на распространета „маса“ (table). Видикот од таа надморска висина кон величествениот Cape Town, додека сте послужени со најубави канапеи и најскапо шампањско, ќе ми остане засекогаш во сеќавање. На моја особена радост, ја посетивмеи една од најстарите винарии во Јужна Африка, која покрај најквалитетно какао и кафе, позната е и по најквалитетни вина. Винаријата е стара речиси два века и имавме можност да уживаме во дегустирање на најубави вина, но и да уживаме во раззеленетата околина со богати гроздови полиња.”

Marina Cigarida 2

Адреналинот и возбудата е неизбежен дел од ваквите патувања, истакнува Цигарида.

“Како најголемо изненадување кои ни беше приредено ќе ми остане возењето со Harley Davidson покрај Атлантскиот Океан. За секој од нас беше предвиден по еден професионален моторџија кој беше задолжен да нѐ вози долж крајбрежјето на Атлантикот, додека сите ние го доживувавме врвот на адреналинско полнење. Сцената беше тотално филмска, со ветер во коси и чувство на потполна слобода.

Пловењето среде Атлантскиот Океан, наспроти брановите повисоки од два метри кои директно ти плискаат во лице, до моментот кога пред тебе грандиозно се појавува Р’тот на Добра Надеж, најјужната точка каде се пресекуваат Атлантски со Индиски Океан, беше авантура резервирана само за најхрабрите!”

Marina Cigarida 3 (1)

Сепак, врвот на среќата и задоволството е моментот на доделувањето на наградите.

“Гала вечерата за најдобрите Зонални Менаџери е настан кој реално за да се опише – треба да се доживее. Се чувствувате како ѕвезда од Холивуд, од хотелот ве земаат со лимузина во која се служи шампањско, што повеќе би можеле да посакате? Настанот се случуваше во прекрасно декорирана сала, со национални елементи и традиционална музика и танци за анимирање и уживање, како увертира за Церемонијата на доделување на наградите. Моментот кога ќе бидете повикани на сцена, кога ќе ви ја врачат наградата (во мојот случај тоа беше специјално гравиран прстен со логото 4А) можам да го споредам со доделување на олимписки медал! Тогаш, освен што добивате директни пофалби од страна на Регионалниот Менаџер за продажба, Елизабет Коробченко, неизмерно си благодарите што сте издржале во освојувањето на уште една битка, да излезете како победник пред себе и да се гордеете со вашиот тим. Едноставно, посакувате целиот тим да е таму со вас на сцената и заеднички да прославите.”

Спомените за Јужна Африка ќе останат засекогаш, а фотографиите од патувањето ќе претставуваат енергија и мотив за освојување на некои идни дестинации. За можностите, пак, за кариера што ги нуди компанијата, еве што велат младите лидерки кои се дел од AVON Македонија:

AVONЈужна АфрикаАвонАмбасадор на хуманостазонален менаџерМарина Цигаридапатување„Авон Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics