• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

Од stylist @StylistMKD · На февруари 18, 2019

633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

По триумфот на годинашното издание на престижниот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“), македонскиот документарец „Медена земја“ („Honeyland“) ќе се прикажува во кината во Северна Америка, како и на фестивалот „МакеДокс“ во Скопје. На прес-конференцијата, што се одржа денеска (18.02.2019) во „МКЦ клуб и ресторан“, тимот на „Honeyland“ соопшти дека филмот ќе има и две затворени проекции наредниот месец во Скопје.

„Honeyland“, застапуван од „Сабмарин ентертеинмент“ (Submarine Entertainment), деновиве потпиша договор со американската компанија за производство и дистрибуција на филмови, „Неон“, која ги откупи правата за прикажување на македонскиот филм во Северна Америка. Оваа компанија најави дека остварувањето ќе се прикаже во 15 од топ 50 пазари на континентот, вклучувајќи ги и Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско. Изминативе неколку години „Неон“ дистрибуира познати наслови како Colossal; I, Tonya; Borg vs McEnroe; Revenge; Ingrid Goes West; Monsters and Men; Border и други.

Како што најави екипата, филмот ќе има две затворени проекции на 12 и 13 март во скопското кино „Милениум“ . За пошироката јавност ќе биде прикажан на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржува во август.

„Медена земја“ („Honeyland“), кој е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, на годинашното издание на престижниот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“) во Парк Сити, Јута, САД ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм. Тамара Котевска, една од режисерите на проектот, на средбата со новинарите рече:

‒ Трите награди добиени на „Санденс“ беа потврда за три жестоки дебати кои најчесто се водат на тема филм во мојата земја: Прво, дали голем филм може да се направи со мала екипа? Дефинитивно, да. Второ, дали филмот во Македонија и пошироко има некаква светла перспектива? Дефинитивно, да. И трето, дали филмот може да ги смени животите на обичните луѓе? Дефинитивно, да.

Љубо Стефанов, кој заедно со Котевска го режираа „Медена земја“, изјави:

‒ „Honeyland“ е почнат како мала идеја, која нашиот мал тим со тешка и упорна работа од повеќе од три години ја доведе до тоа што денес го прославуваме ‒ три награди на еден од најпрестижните фестивали на светот. Ова ми е само потврда дека на идеите, колку и да делуваат неверојатни треба да им се даде шанса, и што е најважно ‒ да се преземе ризик.

Снимателите Фејми Даут и Самир Љума беа наградени за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).

‒ Да се учествува на ваков голем фестивал, најголем на светот за независен филм, е искуство како ниту едно друго. За мене претставува почеток на ново професионално поглавје во кариерата. Драго ми е и не можам да кажам дека не ме радува фактот што дваесетина години вложен труд конечно беа наградени со една ваква престижна награда, и тоа од луѓе кои не беа инхибирани од нашиов македонски микрокосмос. За жал, овие работи како, на пример, да се препознае вложениот труд, тука во Македонија, се базираат на квантитативни вредности, а не на квалитет. За мене, оваа награда, како посветен филмски работник – само ме поттикнува да работам дотолку попосветено. Сепак, светот ја виде мојата работа и ме награди за тоа. Иднината е таму каде што ме препознаваат, во интернационални ангажмани ‒ рече Фејми Даут.

‒ Наградите на престижниот фестивал за независен филм „Санденс“ кој ги освои филмот „Медена земја“ се нешто што секој филмски работник потајно си ги посакува. Најзначајна за мене како снимател е токму специјалната награда од жирито за кинематографија која нѐ става на пиедесталот, рамо до рамо со врвни кинематографи од светот. Искрено, се надевам дека оваа награда ќе ни овозможи пред сѐ повеќе работа, како во нашата држава, така и на меѓународни проекти ‒ изјави Самир Љума.

Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).
‒ Кога тргнувавме на „Санденс“ знаевме дека со нас носиме нешто големо, и токму поради тоа како да знаевме дека овој филм ќе донесе награда, но не очекувавме дека ќе се вратиме со три, меѓу кои и главната награда. За мене „Санденс“ е мост за две релации ‒ глобална и индивидуална. Глобалната значи дека по овој фестивал имаме можност да нѐ види и слушне светот, да ни ја слушне маката, а ако имаме среќа може и нешто ќе се смени или барем ќе се помрдне. Индивидуалната значи нови контакти, нови проекти, нова комуникација со врвни уметници од светот. Со „Санденс“ почна една приказна на која можеби не ѝ се гледа крајот ‒ истакна Атанас Георгиев, продуцент и монтажер на филмот.

Првпат во историјата на „Санденс“ еден документарен филм е награден со три признанија. Ова е и првпат македонски долгометражен документарец, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција и да освои награди на овој фестивал, и токму поради ова е од големо значење за македонската кинематографија.

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

‒ Кога првпат го видов филмот, останав без зборови. Поради неговата уметничка убавина и поради моќта на пораката. Откако се исклучија светлата, ми требаше момент да се вратам од светот на Атиџе, во реалниот свет. Атиџе ни праќа мудра порака: „Задржи половина од медот за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Тоа е порака од жена која што живее во симбиоза со природата и знае како да преживее без да ги загрози другите битија. Лично сум убеден дека, и индивидуално и заеднички, сите можеме да дадеме придонес кон заштитата на природата. Атиџе ни покажува како тоа да го постигнеме. Да го слушнеме нејзиниот повик ‒ истакна заменик-амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефане Томажијан.

„Медена земја“ („Honeyland“) раскажува приказна за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата, кога семејството на номадски пчелари се населува на нејзината земја и ѝ ја загрозува егзистенцијата.
Honeyland, на својата официјална веб-страница honeyland.earth, започна со добротворна кампања за поддршка и помош на протагонистите во документарецот. Со секоја нарачана тегла мед добиен на одржлив начин ќе се донираат средства што ќе се искористат за подобрување на условите за живот, пред сѐ на децата што се појавуваат во филмот, а доколку има можност и на останатите личности, па дури и на целата средина што ги опкружува и во која живеат.
 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics