• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Од stylist @StylistMKD · На септември 30, 2024

megalopolis

Македонска кинотека секогаш е актуелна. Одбележува, слави, потсетува навреме за сето она што треба да остане во колективната меморија како достигнување на филмската уметност. Не е важно дали станува збор за филм како целина, за режисер, за сценарист, за артисти, за сниматели односно за секој што учествувал во креирањето на творбата, популарно наречена сликите што се движат. Така ќе биде и овој октомври. Кинотека ќе прикаже филмови со Ален Делон, кој пред извесно време почина, но и на пред 100 години па и повеќе, родените Марчело Мастројани и Кери Грант. Тројцата останаа запаметени не само по артистичкото умеење туку и по својата убавина, харизма како своевидни Аполони. Ќе се одбележат филмските достигнувања на нашата неодамна почината Снежана Стамеска. Ќе биде прикажан ЖЕД (1971), филмското дело на Димитрие Османли, по сценарио на Живко Чинго, во кој една од главните улоги ги имаше токму Снежана односно Снешка како што ја нарекуваа нејзините пријатели и почитувачи. Почитувачите, пак, на легендарниот Кери Грант, кој оваа година би полнел 120 години, ќе можат да го видат филмот ШАРАДА.

Филмот ќе се прикажува на 35мм, и од критиката е опишан како најдобриот филм за Хичкок што Хичкок никогаш не го снимил. ШАРАДА (1963) на американскиот режисер Стенли Донен е прекрасна мистерија која блеска со хумор, неизвесност и стил од последните денови на гламурот на стариот Холивуд. Снимен е на локација во Париз и содржи анимирани наслови од Морис Биндер. Саундтракот на Хенри Манчини ја содржи популарната песна „Charade”. Со иконите Одри Хепберн и Кери Грант во главните улоги, оваа приказна од Париз е духовита и стилска како и нејзините двајца главни актери.

Париз е незаобиколен кога се спомнува неодамна починатиот филмски убавец Ален Делон. Неговиот контроверзен приватен живот останува во сенката на неговите ролји во филмовите на Висконти, Џосеф Лоузи и многу други режисери, своевидните филмски диригенти. Од неговиот многуброен актерски опус, неколку филмови ќе може да види и публиката во Кинотеката на Македонија.

Поврзан со Париз е и Италијанецот, врвниот глумец и убавец Марчело Мастројани, кој оваа година би наполнил точно еден век. Во филмот што ќе биде проектиран наречен ПОСЕБЕН ДЕН (1977), Мастројани за партнерка ја има светската дива, речиси сега веќе деведесетгодишната Италијанката Софија Лорен, која за филмот ЧОЧАРА (1960) го доби светски престижниот „Оскар” за најдобра актерка.

Оскаровец е и неодминливиот и почитуван, со италијанско потекло Френсис Форд Копола, секако најпознат по трилогијата КУМ. Но тие филмови ќе изостанат овој пат, а предност ќе добие премиерната проекција на најновото остварување во негова режија и продукција, футуристичкот еп МЕГАЛОПОЛИС, кој на годинашниот филмски фестивал во Кан доби неколкуминутни овации.

Овој месец нема да изостане и циклусот на филмови на една кинематографија која заслужува да биде проследена и респектирана. Овој пат тоа е кинематографијата на Романија. Кино-љубителите ќе можат да проследат неколку филмови кои се во фокусот на интересот на светски реномираните фестивали.

Кинотека во октомври предвидува уште два циклуса. Едниот е низата филмови наречена ЕХО-ФЕСТИВАЛ НА ПЛАНИНСКИ ФИЛМОВИ. Крајот на месец октомври е резервиран за неколку јубилејни проекции и одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство. По тој повод ќе се потсетиме на наколку домашни докуменарни и долгометражно-играни остварувања кои оваа 2024 година бележат јубилеи од своите премиери.

Пред се, тука е ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кој оваа есен „наполни” 30 години – токму толку време е поминато откога Манчевски ја подигна раката во вис, во знак на триумф, благодароност и поздрав истовремено, покажувајќи го венецискот „Златен лав” кој го освои за својот долгометражен игран првенец, за по неколку дена премиерно да биде прикажан на ИФФК „Браќа Манаки”. Пред половина век Столе Попов го сними ОГАН (1974), а пред 45 и ДАЕ (1979) кој беше југословенски кандидат за „Оскар” во категоријата на кратки документарни филмови. Тука ќе се потсетиме и на првенецот на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ – ПОД ИСТО НЕБО (1964) како и на „комитската” драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски. Бидејќи сите тие кинематски остварувања се наше аудиовизуелно наследство, наше национално филмско богатство.

Вратите на Кинотека, како и секогаш се отворени, салата ќе биде исполнета, нема тука сомневање, впрочем понудената програма го гарантира токму тоа.

Целосна ПРОГРАМА

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics