• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

12 диџеи со ексклузивни миксови за „Митрафест”, виртуелен фестивал по повод една година „Митра”

Од stylist @StylistMKD · На септември 25, 2020

mitrafest

Македонската онлајн продавница „Митра” прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра” го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест” на кој учествуваат 12 етаблирани македонски диџеи, диџејки, како и музички ентузијасти, во чест на 12-те месеци работење.

Фестивалот е отворен за сите на посебна веб-страница на „Митра”, специјално изработена за оваа прилика, достапна на линкот  www.mitra.mk/mitrafest. Таму, публиката може да ужива во 12 миксови и повеќе од 12 часови музика од артистите Мирко Попов, Боле, Ивана Драгшиќ, Маци Стојановиќ, Og!, Божидар Видоески, Зоки Бејбе, Виолета Качакова, Wish.ko, Илина Ангел, Дарко Јорданов, како и актерот Тино Костадиновски од „Театар Комедија”.

Покрај ексклузивните миксови снимени за роденденот, публиката може да ги прочита и честитките од диџеите, пријателите и партнерите на „Митра”, како и да испрати своја роденденска честитка во замена за ваучер за попуст. Од продавницата најавуваат дека роденденот ќе се прослави и со специјални подароци, промоции и попусти. Роденденската прослава „Митрафест” ќе трае еден месец, сѐ до 24 октомври. 

„Во оваа најголема здравствена и економска криза ‘Митра‘ го прославува својот прв роденден. Нашиот пристап останува ист; остануваме фокусирани на нашиот долгорочен план, со посебен акцент на висок квалитет и задоволството на клиентите.

Планирајќи ја иднината, ги вложуваме нашите постоечки способности и вежбаме нови мускули, што ни дозволува да правиме работи за кои инаку не можевме ни да помислиме. Сите досегашни искуства ни даваат поттик храбро да чекориме во неистражени простори.

Имаме силно убедување дека клиентите ценат висок квалитет, ниски цени, огромен избор и брза, удобна испорака и дека овие потреби ќе останат стабилни со текот на времето. Нашата верба во издржливоста на овие столбови е она што ни дава потребна доверба за да инвестираме во нивно зајакнување. Знаеме дека енергијата што ја вложуваме ќе продолжи да се исплатува и во иднина,” велат од „Митра”.

„Митра” е онлајн продавница основана во 2019 година од женски тим, фокусирана на квалитетна и широка понуда на производи од домашни и светски добавувачи. „Митра” има за цел да им го подигне квалитетот на животот и да им заштеди време на македонските потрошувачи нудејќи внимателно одбрани производи и експресна достава низ целата земја. Веб-страницата има современ, минималистички дизајн кој е лесен и прегледен за користење и фокусиран на едноставно, безбедно плаќање.

Е-продавницата има и општествено одговорна компонента и се грижи за животната средина, поради што доставата ја извршува со еко-пријателски возила, а производите ги пакува во хартиени ќеси и кутии.

Летово, „Митра” беше актуелна и со колекцијата на облека „Ношпал Митра Limited Edition” создадена во соработка со реномираниот македонски моден дизајнер Александар Ношпал ексклузивно за е-продавницата.

Во текот на првата работна година, „Митра” брои четврт милион посети и повеќе од 1000 нарачки од земјава и странство.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics