• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модата и филмот тема на годишната ревија на институтот „Изет Цури“

Од stylist @StylistMKD · На јули 3, 2024

Cleopatra, Matrix, Edward II, Dressmaker

Костимите од филмовите „Појадок кај Тифани“, „Матрикс“, „Мулен Руж“, „Црниот пантер“, „Клеопатра“, „Очи широко отворени“, „Титаник“. „Аватар“… беа инспирација за креациите на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ претставени на нивната традиционална завршна модна ревија која се одржа деновиве во киното „Милениум“.

Во објаснувањето за тематиката и ревијата стои:

101 Dalmatian, The Nun, Black Swan

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“.

Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата.
Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија.

Charlie, Avatar, Troy, Friends

Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.

Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди.

Frida, Eyes Wide Shut, Alice, Howl's

Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“.
Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов.

Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување.

Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.

LOTR, Barefoot Contessa, A Room with a View, Funny Face

Kalina Velkovska, Moulin Rouge

Mary Queen, Damsel, Cinderella

Titanic, Pretty Woman, Maleficent, Harry Potter

Dana Siljan, Izet Curi, Zorro

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics