• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп 0

Моден викенд-Скопје со поддршка на кампањата против насилството врз жените

Од stylist @StylistMKD · На март 30, 2015

FWSK TeaModerna UNDP

Шест познати и инспиративни дами од повеќе области: Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска се приклучија на Моден викенд-Скопје во поддршка на кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје – „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега ! “. Тие позираа во маички инспирирани од оваа кампања, дизајнирани од младите креатори Алмир Мили и Ивана Цветковска. Едиторијалот го сними  фотографот Марко Марковски. Фотографиите ќе бидат објавени на 8 април во списанието „Теа Модерна“, кое е медиумски покровител на проектот.

FWSK press prolet 2015 (2)

Претставничките на Моден викенд-Скопје (десно) , како и на италијанскиот бренд L’Erbolario (лево) и кафето Attibassi , на денешната средба со новинарите во Beauty bar Фото: Stylist.mk

На денешната средба со новинарите vo во Beauty bar  тимот на Моден викенд-Скопје го најави 11-тото издание, кое ќе се одржи од 1 до 5 април. Пролетното издание почнува со моден маскенбал на први април во клубот „Станица 26“. На трети април во петок, со шоуто на Росица Мршиќ стартува ревијалниот дел кој ќе се одвива три дена во катната гаража „Солунски когрес“. За време на викендот ќе ги видиме ревиите на студентите од Факултетот за Арт и дизајн при ЕУРМ, Evee by Ivana Cvetkovska, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:time, Венера Мустафа, Јована Марковиќ, ФА-БУ, модната куќа Менакон (со модели достапни во Adora For You во Тетово), Linea collection, Дејан Тодоровиќ и модната куќа Hera Couture . Пролетното издание ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓеоргиева во соработка со Prima Danza. Посетителите ќе ги видат и изложбата на професорите од ЕУРМ наречена АРТЕРИЈА-АНТЕРИЈА, модната инсталација на Fashion Group Македонија во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото-изложба „Модата и културното наследство“организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет. И овојпат по ревиите ќе се одржуваат Red bull- забави во кафулето „Концепт 37“.

FWSK press prolet 2015 (6)

Фото: Stylist.mk

Во организација на Моден викенд-Скопје , на 17 април во скопската винарија „ Камник“ ќе биде прикажана најновата колекција на MCouture by Mila Kadriu. Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд-Скопје е „Lakme“ во соработка со „Бубе Студио Ин“ , официјален партнер за шминка – Manhattan, официјален партнер за убавина е „Cosmo“ во соработка со „Clarins“ и „Shiseido“ а официјален парфем на пролетното издание е Ortensia- од природата за жената со стил, на италијанскиот бренд L’Erbolario. Официјално кафе на настанот е Attibassi за кое преку специјален проект модната дизајнерка Искра Џокиќ и графичката дизајнерка Анита Гај осмислија нов изглед за дизајн на шолја која што ќе биде limited edition и ќе се приклучи на веќе постоечките колекции.

Maicki

Инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега ! “, младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска креираа маички Фото: Ани и Дими

Денеска на Скопски саем во рамките на едукативната и бизнис програма на Моден викенд Скопје, поддржана од најсовремената технологија на CISCO Systems TM, ќе се одржи видеоконференција (вебинар) на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии. Бајле кој ќе зборува на темата „Топ златни правила за зголемување на продажба“ повеќе од две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace.

Vebinar

Дизајнерката Христина Деспотовска

На предавањето на Бајле освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија а индивидуални менторски сесии ќе имаат Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ , и претставници од „Линеа“ и „Саитис “. Од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон. На тридневната работилница учествува Емилија Норис, Ирина Тошева, Лили Кадинска ( Ле Бренд ), Мелани Димитровска, Олгица Ѓоргиева, Росица Мршиќ, Симона Ристовска и Теа Пупкова. Жан Бутон кој доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.

 

Zan Buton workshop 2

Од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон.

Zan Buton workshop 1

 

AttibassiEvee by Ivana CvetkovskaL'ErbolarioLinea collectionMCoutureMy:timePrima DanzaЈована ЗукЈована МарковиќАлмир МилиАна ЈовковскаВенера МустафаВера МилошевскаДа ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега !Дејан ТодоровиќЕУРМИвана ЦветковскаИндира КастратовиќИрина ТошеваИскра ЏокиќКонцепт 37Лабина МитевскаМарко МарковскиМенаконМилена АнтовскаМоден викенд-СкопјеНаташа ПетровиќОлгица ЃеоргиеваРосица МршиќСтаница 26ФА-БУФлутура Дедиња
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ivana manas (2) калеидоскоп

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

  • ????????????????????????????????????? калеидоскоп

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

  • top model europe калеидоскоп

    Избор на Топ Модел Европа во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics