• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Ревии и уметност на Модната недела во Битола од 9 до 13 април

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2014

Од колекцијата есен-зима 2014/15 на Никола Петровски Фото: Ани и Дими

Со изложбата на фотографии „Фојаер“ на Иван Коцка Јанчев (Шенжен, Кина) и со постановката на рамки за огледала на ателјето за резба „Пердика“, во среда ќе почне новото издание на Модната недела во Битола. Стартот е закажан во 21 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола, каде што истата вечер е најавена и промоцијата на новата книга „Како да станете модел“ на Илија Талев, кој е организатор на оваа манифестација. Оваа година настанот, кој ќе се одржи од 9 до 13 април, ќе понуди богата модна и уметничка програма, исполнета со перформанси, ревии и изложби.

Стефанија Насеска ќе ја претстави линијата „Револуција“ Фото: Ани и Дими

Стефанија Насеска ќе ја претстави линијата „Револуција“ Фото: Ани и Дими

На 10 април, почнувајќи од пладне до 19 часот ќе се одржи отворен ден на „Авон“, во просториите на битолското застапништво на светската компанија за козметика. Во 21 часот настаните се селат во на Центартот за култура во Битола каде што за почеток ќе се одржат две модни ревии на битолскиот дизајнер Никола Петровски. Тој ќе ги претстави својата колекција пролет-лето 2014 , како и најновата , која минатата недела ја погледнавме и на Моден викенд-Скопје, за сезоната есен-зима 2014-15. По него следува презентацијата на колекцијата „Револуција“ на креаторката од Прилеп, Стефанија Насеска.

Олгица Ѓоргиева се враќа на местото каде што почна, Модната недела во Битола

Во салата за свадби со почеток во 21 часот, во петок ќе се одржат презентациите на Славица Котевска, (Битола), гостите од Скопје: Ивана Величковиќ и „3Пи позитив“, како и на креаторката со полско потекло, Катерина Микрут, која ќе ја претстави новата колекција, Cloud City. На 12 април етаблираната креаторка Олгица Ѓоргиева ќе се врати на местото каде што ги одржа своите први ревии, во Битола, и ќе ја промовира новата пролетна линија.

Следува шоуто на „Л-дизајн“ и ревија на ревија на фустани инспирирани од новата амбалажа на парфемот Fleur на „Авон“. Претходно од 12-18 часот ќе се одржи бесплатно шминкање и тестирање на новите призоводи на „Авон“, кои секој ден ќе имаат непосредна дружба со своите клиенти. Последниот ден, на 13 април, во кафе-бар „Камарите“ во 21.30 е најавен аудио-моден сценски перформанс „Телографија“ на Весна Дунимаглоска, Ѓорги Крстески и Станко Павлески. (А.Н.)

3Пи позитивAVON МакедонијаCloudy cityFleurАвонВесна ДунимаглоскаЃорги КрстескиИван Коцка ЈанчевизложбаИлија ТалевКако да станете моделКатерина МИккнигаЛ-дизајнМодна недела во БитолаНикола ПетровскиОлгица ЃоргиеваСтанко ПавлескиСтефанија НасескаЦентар за култура во Битола
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics