• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Модниот едиторијал на MY:TIME креативна синергија меѓу фотографката Александра и моделот Борјана

Од stylist @StylistMKD · На февруари 8, 2021

my time (1)

Македонската компанија за часовици и накит MY:TIME го претставува модниот едиторијал „Can’t Fake this Feeling“ со фокус на неколку производи на брендот Fossil, подготвен од Александра и Борјана. Овие две креативки конечно ја остварат долгозборуваната соработка, а резултатот е неверојатно посебен момент, кој останува да живее во искреираните дела, буквално „can’t fake this feeling“ на позитива и синергија.

Уште од првиот разговор со Александра (@aaaesthete) и Борјана (@bor.jana) беше јасно дека не станува збор за проект кој претставува задача т.е. само позирање, фотографирање и доставување материјали, туку забава, изразување на нивните стилови и надополнување, како со идеи, така и со енергија. Како се одвиваше креативниот процес и реализацијата на првата фотосесија од серијалот #МоментиЗаНас, ќе оставиме да ви кажат самите тие.

my time (4)

Борјана: „Со голема возбуда го пишувам овој текст, наменет за една поинаква фотосесија, која ми е една од најдрагите досега. Прва и клучна причина која го предизвикува чувството на возбуда и нетрпеливост е тоа што позади сцената сме само јас и Сани (Александра), заедно со часовниците и накитот на MY:TIME, од кои црпевме голема инспирација за самата фотосесија. Вистински е прекрасно да се биде во околина на Сани, и на приватно и на професионално ниво, и не е тешко да се почувствува жариштето на позитива и креатива кое е неуспешно сокриено, со други зборови апсолутно присутно. Морам да истакнам и втора причина, со лична позадина, поврзана со идејата позади оваа фотосесија, а тоа се парчињата облека. Иако имам безброј свои парчиња облека, секогаш ми стануваат омилени токму оние кои не се. Секојдневно си го надоградувам гардероберот со работи од гардероберите на сите останати членови во мојата потесна фамилија, а во последно време ми се најактуелни парчињата од гардероберот на баба ми, кои за мене се со посебно сентиментално значење. Па така, во оваа фотосесија има по некое свесно или несвесно поклонето парче облека од страна на мојата фамилија. Парчињата се со најразлично потекло, материјал и година на производство, но, сепак, се претставени преку призмата на мојот стил и објективот на Сани.“

my time (5)

Александра: „Една од омилените работи во мојата професија се довербата и креативната слобода која ја добивам од клиентот, како и креативната поддршка која ми ја дава соработникот. Овој серијал се случи апсолутно спонтано како резултат на долгомесечна креативна блокада и желба за нејзиното размрдување, како и некогаш-спомната-идеја за соработка на три идивидуи. Секоја од осумте сесии е инспирирана паралелно од продуктите на MY:TIME, гардероберот на Борјана и моите заборавени mood-boards, како и желбата за излез од комфор зоната и откривање на сите можности кои ги нудат четирите ѕида во моето студио.“

Борјана: „Ова ни е првата фотосесија од серијалот и носи име „Can’t fake this feeling”. Енергијата, која се надеваме дека ја пренесовме, ја влечеме од диското во 70-тите.“

my time (2)

 


View this post on Instagram

A post shared by MY:TIME (@mytime.mk)

 

Александра: „Првиот серијал е директно инспириран од новата нормала, односно она што најмногу ни недостасува во моментот, а тоа се диско забавите. Фотографиите имаат glowy, misty ефект со цел да се надополни ретро изгледот кој сакавме да го добиеме, додека пак, белата позадина е избрана за да не го одземе вниманието од моделот. Снопот светлина, пак, е нешто што сакав да го искористам одамна и во овој случај се вклопи одлично ставајќи фокус на часовникот и накитот од Fossil.“

Борјана: „На мене може да се види златниот часовник Fossil LANEY, како и сет златен Fossil VINTAGE MOTIFS накит (обетки, алка и огрлица), а исто така носам и свилена кошула од гардероберот на баба ми. Behind the scenes вртеше диско музика со примеси на funk, која ѝ даде облик на целата атмосфера.

my time (3)

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

  • TRAILS01` едиторијал

    „Патеки“: Треш-панк естетиката инспирација за новата колекција на дизајнерот Христијан Младеновски

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics