Првиот понеделник во месецот мај традиционално е резервиран за Мет Гала – најважниот моден настан во годината, хуманитарен гала настан кој на едно место, во њујошкиот музеј Метрополитен, ги собира важните ликови во модата, шоубизнисот, културната сцена, спортот… Годинешната тема на настанот и на изложбата која ќе се случи во Институтот за костими при музејот, е Superfine: Tailoring Black Style, со фокус на машката мода, поспецифично на црнечката култура и мода. Изложбата се фокусира на стилот на Афроамериканците во контекст на дендизмот, а дрескодот на гала настанот подрабира креативна интерпретација на класичниот крој во машката мода. Мет Гала се одржа во организација на Vogue и уреднилката Ана Винтур, домаќини на настанот покрај Винтур се Фарел Вилијамс, АСАП Роки, Луис Хамилтон и Колман Доминго, а Леброн Џејмс е почесен гостин.
На црвениот килим на вчерашниот настан видовме бројни варијации на одела и кроеви од машката облека. Но и комбинации кои беа тотално надвор од зададената тема. Фарел Вилијамс, еден од домаќините, се појави во свој модел со потпис на Луј Витон, а Зендаја носеше бело одело од истата модна куќа. Ријана на настанот, облечена во модел на Марк Џејкобс, откри дека повторно е бремена. Никол Кидман ја покажа новата фризура, а Хали Бери своето тело во провокативен модел. Повеќе за стилот на Мет Гала 2025 подолу во објавата.
Нема коментари