• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

FWSK 20: Познати имиња, нови таленти и странски гости за десетгодишнината од настанот

Од stylist @StylistMKD · На октомври 28, 2019

????????

Дваесеттата сезона на најголемото домашно модно случување ќе се одржи од 1 до 3 ноември во Музејот на град Скопје, приклучувајќи се кон прославата на 70-тиот јубилеј на овој монументален објект во метрополата

Под слоганот „десет години заедно – приказната продолжува“, Моден Викенд Скопје ќе навлезе во втората декада од своето постоење. Честа да го отвори дваесеттото издание на настанот ѝ припадна на дизајнерката Ирина Тошева, која го држи рекордот по број на учества во изминатите десет години.

Стартот на викендот ќе го означи зимската колекција „REM“ со нејзин потпис, чиј појдовен мотив е ликовното творештво и надреализмот. Изработката е со еколошки материјали од банана и пченка, како алтернатива за памукот. Таа е дел од поддржаните проекти од национален интерес за 2019 година од Министерството за култура.

По неа следуваат ревиските презентации на Кренаре Ругова, добро позната и секогаш добредојдена гостинка од Косово, како и брендот за луксузен накит и префинети модни додатоци SIGMA Jewelry. За обожавателите на концептуалинот дизајн, пак, наградуваната платформа ИВАН АСЕН 22 од Софија, ќе приреди спектакуларно визуелно доживување, со мултимедијален приказ на инсталацијата „+7 HOURS“.

Вториот ден сите патишта водат најпрво кон Железничката станица, од каде перспективната Теодора Митровска ќе ги испрати посетителите на модно патување низ минатото, во соработка со брендот за обувки ARTHUR’S shoes. Креациите инспирирани од времето на стара Југославија, со нови текстилни техники и неконвенционални материјали, носталгично ќе оживеат низ сценско шоу во синиот воз на Јосип Броз Тито. Колекцијата е машка, со тенденција да ги урне родовите бариери.

002

Simeon Atanasov & IVAN ASEN 22, фото: Zlatimir Arakliev

Програмата во Музејот на град Скопје продолжува со ревија на бугарскиот современ и алтернативен бренд  Jar & Jam, чии лимитирани парчиња облека во нијанси на бонбони, наменети се за сладокусците со младешки и игрив дух. Од друга страна, модната визија на младата дизајнерка Зана Алиу е оваа сезона да покаже зошто црната боја е совршена хармонија на елегантното.

Првите чекори на домашната сцена вечерта ќе ги направи Мила Спасовска под етикетата Јамуна, дебитирајќи со самостојната колекција „Текстура на умот“, која дефинира стихија на сопственото јас. Потоа на модната писта ќе се одигра заедничкиот перформанс на талентираните учесници од проектот „Нитка“, кои научија различни техники на плетење и истите ги преведоа на модерен начин во нивните дизајни. Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, занаетчиството повторно оживува кај младите.

Дека на македонската мода ѝ претстои светла перспектива, третиот ден ќе посведочат и студентите од Академијата за Моден Дизајн во склоп на „Џолев и уметностите” и „Сеавус Едукативен и Развоен центар”, преку групна ревија во која се преточени индивидуални дизајнерски приказни под менторство на професорот Никола Ефтимов.

003

Teodora Mitrovska & ARTHUR’S, фото: Marius Bukis

Наталија Терзија премиерно ќе ја промовира линијата за sport-glam облека „Terziya movement“, проткаена со минималистички комфор и доза на футуризам. Како претпоследна, имагинацијата за есен-зима 19/20 пред публиката ќе ја прикаже и СараРеџиќ. Крајот е резервиран за колекцијата „E!Motion“ на „Go by Olgica Georgieva“, поддржана од Merz Spezial, козметичката линија за убавина, чија палета на производи гарантира целодневна нега, свежина и здравје на кожата, косата и ноктите.

Десетта година по ред, градот пулсира во ритамот на Моден Викенд Скопје, благодарение на мноштвото покровители и пријатели на настанот. Во чест на дваесеттиот јубилеј, ќе се  наздравува со Johnnie Walker Highballs, квалитетните македонски вина на Vizba Valandovo Winery, како и традиционалната жолта ракија од Antika 5. За страствените љубители на кафе, пак, официјален топол напиток е Essse coffee.

Музејот на град Скопје ќе се преобрази во оаза на гламурот со ексклузивните дизајнерски парчиња мебел и аксесоари од KARE Macedonia. За сигурен и комфорен авио транспорт на специјалните гости од странство ќе се погрижи компанијата Qatar Airlines. Нудејќи им елитно сместување со пет ѕвездички и врвна услуга, хотелот ARKA ќе ги пречека во ултра модерни соби во старото јадро на градот. За безбедноста на сите посетители на настанот, секогаш присутен е и професионалниот тим од MDN обезбедување.

Занесниот изглед на манекенките му е доверен на брендот Revlon Professional во соработка со Bube Studio IN, какои партнерот за шминка Kryolan во соработка со визажистите од школата за убавина Art. Fit Family е тука да ги насочи и им ги подобри животните навики, како би се чувствувале удобно и самоуверено, затоа што грижата за сопственото здравје е од примарна важност за секого. За чиста и зачувана гардероба – препораката на Моден Викенд Скопје е брендот Perwoll.

004

Jar & Jam, фото: Boris Pavlov

Fashion Weekend SkopjeFWSKесен-зима 2019/20Ирина Тошевамакедонска модамакедонски дизајнериМоден викендМоден викенд-Скопјемоден настанОлгица ЃоргиеваСара РеџиќТеодора Митревска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics