На 10 и 11 октомври Штип ќе биде центарот на бесконечен стил, градот ќе добие едно од најочекуваните случувања – Shtip Fashion Days 2025
Публиката ќе има можност да ужива во ексклузивни ревии на врвни македонски дизајнери и поголеми брендови, но и да ги запознае новите млади таленти кои ќе ја обликуваат иднината на модната сцена. На настанот ќе присуствуваат и специјални гости, јавни личности и инфлуенсери, што дополнително ќе го подигнат сјајот и престижот.
Она што го прави Shtip Fashion Days посебен е атмосферата – два дена исполнети со креативност, енергија и визија. Публиката ќе може да открие нови трендови, да се запознае со вечниот круг на стилот и да ја почувствува моќта на темата “INFINITY” модата што никогаш не исчезнува.
Следете го Instagram профилот на SFD (@shtipfashiondays) за најнови најави и ексклузивни детали! До почетокот на настанот, ќе откриваме кои дизајнери, брендови и инфлуенсери ќе присуствуваат и така ќе споделеме мал sneak peek од просторот, за да ја почувствувате атмосферата пред самиот настан.
На фотографиите и видеата кои го најавуваат настанот се појавуваат инфлуенссерите Маја Кикириткова, Миа Костова, Сергеј Варошлија, Илариа Кирилов и Луна Стефаноска.
(ПР објава)
Нема коментари