• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Ексклузивен дијамантски накит од позната дизајнерка Сара Хо отсега во „Божиновски часовници и накит“

Од stylist @StylistMKD · На јуни 9, 2014

1

Ако се согласувате со тврдењето на Мерилин Монро дека дијамантите се најдобрите пријатели на жената, тогаш посетете ја продавницата на „Божиновски часовници и накит“ во центарот на Скопје и погледнете ја ексклузивната колекција на скапоцен дијамантски накит од светски познатата дизајнерка Сара Хо. Таа беше специјална гостинка во Скопје на концептуалното претставување наречено„Дијамантите се најдобрите пријатели на жената“ организирано за селектирани новинари, а што се одржа минатиот четврток во ексклузивниот салон на „Божиновски“. Позната како дизајнерка на накит за личности како Хелена Кристенсен, Парис Хилтон и Кели Озборн, на настанот во Скопје низ кој не водеше харизматичниот Васил Зафирчев, таа зборуваше за својата инспирација, за дизајнирањето со дијаманти, за комбинацијата на традицијата, Хонг Конг и Макао со нејзиниот модерен стил. Токму модернистичкиот пристап на дизајните со дијаманти е препознатлив во работата на Хо. Најтрадиционалниот сегмент во јувелирството таа го претвора во осовременет накит кој на момент има авангарден израз. Концептуалниот настан започна со румба-танц на Зафирчев и Јована Василева, сензуална камерна изведба на темата Caruso од

2

Лара Фабијан, а на гостите им се обрати и Игор Божиновски, сопственикот на „Божиновски часовници и накит“ претстави уште една новина во работата на компанијата – за првпат во Македонија може да се купат дијаманти во форма на скапоцени камења, а сертифицирани од реномирани светски гемолошки институти. Сепак, звездата на вечерта беше Сара Хо и нејзината луксузна колекција на накит. Хо Скопје го посети благодарение на „Божиновски часовници и накит“, каде што единствено може да се купи дијаманстки накит со нејзин потпит. Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо, која е дел од поширока европска турнеја на дизајнерката, во наредните две недели ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит”, на улица “Македонија” во Скопје.

4a

Како ќерка на познатата британска манекенка Суки Потиер и внука на Стенли Хо, еден од највлијателните бизнисмени во Макао, неизбежно беше Сара Хо да се впушти во бизнис поврзан со модата и дизајнот. Студирала моден дизајн, но сконцентрирана е на креирање екслузивни парчиња накит. Брендот „Сара Хо“ изобилува со елегантен и женствен шарм и зазема иновативен, модерен пристап во креирањето дизајни кои го издржуваат тестот на времето. Визијата на Сара Хо е да создава современ дијамантски накит, соодветен за дневни и вечерни пригоди, кој ќе биде нослив и ценет како денес така и по многу години. Секоја нејзина колекција има своја приказна инспирирана од важни настани и е изразена во женствен стил низ скапоцени метали и камења, на тој начин создавајќи дизајни кои се високо интригантни и со трајна елеганција. Дел од дизајните раскажуваат раскошни приказни инспирирани од цветните градини во Макао, од семејната традиција, а дел се со минималистичка и елегантна нота, инспирирани од својот личен живот, од настаните во семејството, од семејната традиција. Ниту светски познатите ѕвезди не остануваат рамнодушни на сјајот на современиот дијамантски накит на Сара Хо кој не познава години, ни трендови. Парис Хилтон, Хелена Кристенсен, Кели Озборн, Пичис, Кели Роуланд, девојките од групата “Гр’лс Алауд”, се едни од многуте љубителки кои на себе го носат накитот на оваа дизајнерка.

3

 

Paradis Feather Band Ring in 18ct white gold and diamonds Paradis Feather Earrings in 18ct white gold and diamonds Paradis Feather Pendant S in 18ct white gold and diamonds (2) (1) Paradis Plume Hoop Earrings in 18ct white gold and diamonds Paradis Plume Ring in 18ct white gold and diamonds Rings Clementina Sarah Ho Couture Origami Noir rings, 18ct white gold, black and white diamonds and South Sea Pearls Vita Vitae Spiral Band Ring

Божиновски часовници и накитдијамантидизајн на накитИгор БожиновскиСара Хо
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics