• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МИМА ПЕЈОСКА: Деликатни приказни вдлабени во хеклана гума

Од Ана Несторовска · На март 3, 2016

mima331

Материјалите се флексибилни онолку колку што дизајнерот или уметникот е подготвен и инспириран со својата креативност да им најде нова форма, структура и димензија. Комбинирањето на различните материјали е ограничено онолку толку што авторот си става бариери. Доколку е решен, со својата имагинација може да ги рашири колку цел универзум и смали колку молекула и притоа со нов да создаде нов свет. Оваа потреба постојано да експериметира со материјалите и техниките се среќава во цел креативен опус на една од најиновативните македонски дизајнерки на накит- Мима Пејоска.

mima11

Мима Пејоска речиси 10 години се занимава со филигран фото: Катја Штркова

Секоја од нејзините креации раскажува нова приказна, без разлика дали тоа се филиграни во вид на минијатурни шапки, комплети за готвење и за јадење, тропалка за бебе, луѓе во различни ситуации, прстени за три прста, ѓердани што се аплицираат на самата облека, накит за глава… лебдечките ѓердани и алки Sensibles или асиметричните прстени Adaptation. Таа речиси десет години се занимава со изработка на филигран. Во Скопје има дипломирано етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет. Нејзината дипломска тема била токму за Филигранот и зачувување на традицијата. Оттаму продолжила со практично учење на изработка на накит, па добила и стипендија да учи златарски техники во Италија. По ова следел Берлин и Design Thinking. Добила Фулбрајтова стипендија за постдипломски студии на Савана колеџ за уметности и дизајн, каде што се стекнала со повеќе сознанија: ласерско заварување, 3Д- моделирање, принтање со смола, плетење со метал, моделирање со пластика, силикон. Имала можност да биде стажист на дизајнерката на накит Биба Шуц, а соработувала со неколку уметници во САД. Вели дека сите се одушевуваа на техниката филигран и никој не знаел како да ја изведе. Така, од SCAD ја ангажирале неколку пати да предава филигран на студенти и на професори. Присутна е на разни интернационални и домашни проекти и изложби, а актуелна е со Design Challenge….За нејзе пишуваше и престижниот Huffington post.

Mima Pejoska3
Во основата на секоја нејзина приказа, без разлика дали е раскажана во Скопје, Италија, Берлин или Савана е деликатната нежност на филигранот. Му дава модерна и вонвременска форма со секоја нова колекција. Од нејзините иновативни раце излегле уникати и навидум невозможни форми и комбинации. Најнова во низата неповторливи колекции е Imprints, во чија основа е гумата. Вели дека приказната за оваа линија почнала многу спонтано.
-Пред неколку месеци со Јана Ацевска почнавме да ја работиме играта наречена „Дизајн предизвик“, и една од задачите ни беше да склопиме „пакетчињa“ со инспиративни и необични материјали за работа. На една од овие наши екскурзии, во еден голем магацин во Визбегово, ги здогледав црните гуми и ептен ми фатија око. Земав неколку за да експериментирам… и тргнаа формите… Полека легнаа и плетки врз нив. Вака изгледа дека и самата си се предизвикав на нов материјал, техника и колекција, но во исто време и се надоврзав на моите последни колекции кои главно беа направени со фини плетки. Во Imprints хеклањето добива сосема различен лик како од Sensibles, но техниката е таа, прилагодена на нов материјал и на нов стил. Секогаш ми се допаѓале вакви трансформации, т.е. различни лица на иста техника.

Mima Pejoska2
>>Формите се разиграни и на прв поглед секоја од креациите не може да се врзе со традиционалниот изглед на обетките, ѓерданите, прстените, брошевите..Какви сè парчиња содржи колекцијата и која е приказната зад формите?
-Гумата е интересен материјал за работа и не нуди многу скротување. Ако на почетокот со витканици и свиоци добијам лик кој ми се допаѓа, мора уште истиот момент да го „заробам“ за да не го изгубам. Секое поединочно, свиок по свиок ги работам, па хеклам… и дури откога ја имам формата која ми се допаѓа, гледам на кој дел од телото најмногу му прилега. Imprints се главно брошеви и алки, со големи димензии кои соодветствуваат на материјалот.

>>Повторно провејува филигранот како основа… Колкава креативна слобода ти дава оваа стара техника, и колку те инспирира да истражуваш и експериментираш?
-Ретко ми се случува да работам дела кои не ја имаат таа деликатност… без разлика како се изработени. Мислам дека чипкастиот изглед ми е врежан како на основен hard drive… а можеби и доаѓа од самиот процес на работа што повлекува репетиција, време и скоро медитативен пристап – што толку многу ми лежи на карактерот.
Mima Pejoska8
>>Каков е планот за презентација на колекцијата? Дали ќе ја претставиш на некоја од поп-ап продавниците или на некоја изложба, моден настан?
-Моделите од Imprints веќе накратко беа претставени во Белград и Берн, а наскоро патуваат за Кина, каде што имам мал дел од колекциите веќе изложено. Дотогаш, бидејќи колекцијава се зголемува постојано, се во Скопје и секако се за продажба. Засега без конкретен план, но сигурно во некоја прилика ќе бидат дел од некоја поп-ап продавница.
>>Важиш за една од најиновативните наши дизајнерки на накит. Колку има публика(купувачи) за твоите креации тука и каде сè имаш можност да ја претставиш твојата работа?
-Сè зависи од колекцијата… некогаш и треба да застанам да подразмислам дали точно сум го погодила местото за претставување на некои парчиња… а ми се случува и да згрешам. Интересно е да се види колку различни стилови се бараат тука споредбено со Берлин, споредбено со Савана (САД) итн. Некои дела кои тука не се многу популарни или барани, во Америка ми одат како алва… а и обратно. Обично тука, кога работам накит, се прилагодувам доста- внимавам да не е премногу авангарден, да е прифатлива цена и да е погоден за неколку катагории на купувачи. Но кога работам колекција која ја водам поаѓајќи од личен, чист концепт и инспирација… најчесто се парчињата кои многу повеќе се ценети надвор, не како моден додаток туку како парче уметност. Главно, оддамна се насочив кон 2-3 локации надвор од Македонија каде што ми е погодена и публиката и сцената.
Mima Pejoska15
>>После доедукацијата во Берлин и САД се врати во Скопје. Каде е сега стационирано твоето студио за работа?
-Откако магистрирав сум официјално вратена во Скопје (со чести патувања надвор), но сè помалку и помалку го користам студиото за работа. По враќањето од Америка почнав интензивно да се занимавам и со проекти кои од друга страна го третираат накитот, некои како игри, некои повеќе уметнички и концептуални, некои виртуелни дизајни… па некако природно ми дојде да направам мала пауза од изработката на накит. Имам работено на само мал број колекции од тогаш, и сè повеќе балансирам со идеи и работа кои бараат поинаква посветеност. Проектот „Дизајн предизвик“ (www.designtatamata.com), како и The Stories of the Three Wanderers (www.thewanderers.mk) ми се едни од омилените проекти за минатата година кои продолжуваат и во 2016.
>>Какви ти се плановите за наредниот период?
-Оддамна не сум прошетала на подолго, како што ми бара душава, со нова енергија, луѓе, авантури, па така планирам следно да прошетам малку во Америка, а потоа со голем мерак патувам во Финска да си ги запознаам тукушто родените внучиња!
Mima Pejoska14
Mima Pejoska13
Mima Pejoska12
Mima Pejoska11
Mima Pejoska10
Mima Pejoska9
Mima Pejoska8
Mima Pejoska7

Design ThinkingImprintsЈана АцевскаБерлинИталијамакедонски дизајнери на накитМима ПејосканакитСаванаСАДСкопјефилигранЧикаго
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics