• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

ОД МАКЕДОНИЈА ДО ХОЛИВУД: Актерот Ненад Николовски гради кариера во Холивуд

Од Катерина Трајановска · На јули 14, 2016

page3

Актерските почетоци Ненад Николовски ги прави како средношколец, следува првиот стендап настап во скопски Аеродром и со текот на времето се развива одлуката професионално да се бави со глума, што ја реализира со студиите на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес. Денес Ненад живее токму во Лос Анџелес и се обидува да успее во најпосакуваното место за секој актер – Холивуд. Токму од Холивуд за Stylist.mk стигна оваа фотосесија со Ненад фотографирана од страна на Павлина Поповска, македонска дизајнерка и фотографка, која исто така гради кариера во Лос Анџелес.

Почетоци во актерството…

„Моите актерски почетоци датираат од мојата четврта година и нешто порано, но тогаш за првпат го имав мојот голем стендап настап во една скопска кафана „ЛЕМОНД” во населбата Аеродром во тоа време. Во наредните години мојата актерска кариера претежно се развиваше во училишни и театарски настапи во различни форми на рецитали и драми. Настапот пред публиката и нивниот позитивен одговор на она што го правев беше пресуден да продолжам.

Моја главна инспирација во средно школо беа различните романи и драми од светските писатели: „Ревизор”од Николај Гогољ, „Клетници”од Виктор Иго, „Процес”од Франц Кафка, „Злосторство и Казна” од Достоевски, „Ромео и Јулија”, „Хамлет”, „Трговецот од Венеција” од Шекспир… “

nenad nikolovski (4)

Актерско формално образование

Ненад Николовски завршил магистерски студии по актерство на Њујоршката филмска академија во кампусот во Лос Анџелес. Неговиот тренинг опфаќа: Сценска студија, Мајзнер, Актерство за филм, Глас и говор, Чехов, Од сцена до филм, Импровизација, Шекспир, Преку глас, Александар техника. Има настапувано во престижното Актерско Студио во Лос Анџелес каде Ал Пачино, Елен Берстин и Харви Кајтел се ко-претседатели со претставата „Исус се качи на возот”,  играјќи го главниот лик Ангел Круз.

Ненад настапувал во Виктори Театар играјќи ги главните ликови од „Поглед преку мостот” од Артур Милер,  и „Аеродром” каде што се појавува и како еден од авторите. Потоа во Хадсон Театар со „Италијанска Американска  Реконсилијација” од Џон Патрик Шенли играјќи го Хјуи. Во ЊУФА театарот ги има играно: „Бос во паркот” од Нил Сајмон играјќи го Пол, „Зимска приказна” од Шекспир играјќи го Флорезел, „Трговецот од Венеција” од Шекспир играјќи го Бенедикт. „Ромео и Јулија” од Шекспир играјќи го Ромео.

nenad nikolovski (1)

Зошто го избра Холивуд за актерска кариера?

 „Холивуд е најголемиот олимписки уметнички натпревар на артистите и културите од целиот свет. Мене натпреварот отсекогаш ми бил предизвик, а овој натпревар е натпревар со самиот себе.“

Ненад во моментот работи на снимањето на филмот „Сведокот”, криминална драма каде што ја игра главната улога на Тони, високо профилиран мафијаш кој што е доведен во ситуација да одбере помеѓу моралот и неговиот живот.

Ненад ги има снимено филмовите „Коцкарот”,  „Поблиску”,  „Парфем”, „Жената”, „Последниот роденден”, „Парк”, „Зошто брзање”, „Сендвич”. Тој е е застапен од холивудскиот агент и продуцент Пјер Патрик и неговата агенција “Џери Пејс”.

Фотосесијата со Ненад Николовски на разни локации во Лос Анџелес ја направи Павлина Поповска, интервју со оваа фотографка и модна дизајнерка на овој ЛИНК. 

nenad nikolovski (2)

nenad nikolovski (5)

nenad nikolovski (6)

1 nanad nikolovski

2 nenad nikolovski

3 nenad nikolovski

4 nenad nikolovski

5 nenad nikolovski

Њујоршката филмска академијаактермакедонски актерНенад НиколовскиПавлина ПоповскафотосесијаХоливуд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

  • 1 tmf revija фото галерија

    Автентичност тема на завршната модна ревија на студентите на ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics