• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, фото галерија 0

Олгица Ѓоргиева креира разиграни и симпатични модни приказни за најмладите

Од Ана Несторовска · На јули 7, 2017

GO kids by Gjorgieva Olgica (1)
Ведри, нежни, разиграни и симпатични, како што се децата, се креациите од новата концептуална колекција на дизајнерката Олгица Ѓоргиева за најмладите. Идејата под GO kids by Gjorgieva Olgica да креира уникатни парчиња детска облека ја најави со неколку креации за девојчиња кон крајот на минатата година, кои беа мини верзија на моделите од нејзините лански колекции за жени.  Оваа приказна ја продолжи и збогати со модели и за момчиња.

GO kids by Gjorgieva Olgica (13)

Во весела атмосфера, во објектот  Cherry orchard,  со познататиот фотографски тандем Ани и Дими креаторката деновиве направи lookbook за колекцијата. Кaко модели се јавуваат слатки и насмеани дечиња-модели, кои автентично ја доловуваат идејата на креаторката.

-Иако децата не беа професионални модели, навистина успешно се пронајдоа во улогата, и мислам дека направивме прекрасна фотосесија. Додека траеше снимањето од сите страни течеше толку убава енергија, што ме правеше навистина среќна. Бесценети беа првичните реакции на родителите во однос на моделите, како и  првите впечатоци  на децата кога ги облекоа креациите. Тие  ми беа првиот знак дека тоа што е  сработено е добро-вели Ѓоргиева.

GO kids by Gjorgieva Olgica (3)

Концептуалната линија е наменета за одредени прилики, како што се родендени, крштевки, свадби и слично.

-Кога ја создавав колекцијата размислував за тоа каде ќе се носат и во исто време пробав да ја вметнам детската енергија во моделите. Најмногу се застапени свечени фустанчиња, прилагодени на приликите на кои би се носеле девојчињата, а има и модели и за малите момчиња. Доминираат светлите и пастелни бои, а од материјали користев памук, верзии на сатен, принтани материјали кој ги користев како додатоци. Засега креациите се наменети за деца на возраст од една до седум години. Ќе видиме како ќе се развива идејата во иднина. Како ќе диктира пазарот, така ќе се прилагодуваме-вели таа.

GO kids by Gjorgieva Olgica (4)

Креациите го задржуваат препознатливиот елегантен и романтичен стил на дизајнирање на Олгица. Во некои елементи  имаат допирна точка и со креациите од нејзината колекција за пролет-лето 2017 за жени.

-Мислам дека кај моделите од GO kids by Gjorgieva Olgica се препознава мојот стил на креирање. Дури дел од принтовите и елементите што ги користев во последната колекција ги пренесов и овде. Сосема поинаков начин на работа, една поинаква енергија и голем предизвик за мене. Со многу љубов влегов во овој проект и ќе се потрудам да изградам препознатлива приказна.

GO kids by Gjorgieva Olgica (7)

Ова е една од ретките колекции за деца со потпис на македонски дизајнер. Најчесто креираат наменски и по нарачка, за одредени прилики.

- Идејата да создадам линија  за деца ја имам од многу одамна…. и секогаш кога ќе сум помислела во истиот момент ми доаѓала бура од инспирација и идеи, провлекувала насмевка на моето лице и будела некоја интуитивност за тоа што треба да го сработам. Решив да си верувам на својата интуиција и донесов одлука да го започнам овој проект. Децата е една сосема поинаква енергија, една сосема поинаква инспирација, еден простор за креирање каде што имагинацијата ја носиш на едно поинакво ниво. Со оглед на тоа што низ годините успеав во себе да го зачувам “здравото дете” уживам во ова искуство и имам чиста и искрена енергија да создавам и на ова поле… Борбата за поголемо производство на колекции за деца и остварување соработка со огромни компании е тешка…меѓутоа со различни концепти би можело да функционира-вели Олгица на крајот.

GO kids by Gjorgieva Olgica02

GO kids by Gjorgieva Olgica01

GO kids by Gjorgieva Olgica (9)

GO kids by Gjorgieva Olgica (8)
GO kids by Gjorgieva Olgica (6)

GO kids by Gjorgieva Olgica (15)

GO kids by Gjorgieva Olgica (19)

GO kids by Gjorgieva Olgica (18)

GO kids by Gjorgieva Olgica (21)

GO kids by Gjorgieva Olgica (22)

GO kids by Gjorgieva Olgica (5)

GO kids by Gjorgieva Olgica (2)

GO kids by Gjorgieva Olgica (14)

GO kids by Gjorgieva Olgica (20)

GO kids by Gjorgieva Olgica (11)

Cherry orchardGO kids by Gjorgieva OlgicaАни и Димидетска облекаколекција за децамода за децаОлгица Ѓоргиева
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics