• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Осма традиционална прошетка и хуманитарна трка „Напред розово 2016″ за поддршка на болните од рак на дојка

Од stylist @StylistMKD · На септември 28, 2016
od-levo-lora-braun-biba-dodeva-i-tanja-pandeleska

Лора Браун, Биба Додева и Тања Панделеска

Хуманитарниот настан ќе се одржи во сабота (1 октомври), во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот 

Со симболична прошетка и хуманитарна трка во рамките на кампањата „Напред розово”, повеќе од 1.000граѓани во сабота ќе им дадат поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства. Манифестацијата „Напред розово 2016″ се одржува по осми пат во организација на здружението „Борка” – За секој нов ден, со поддршка на амбасадата на САД во Македонија и компанијата „Пелистерка”.

Настанот ќе се одржи во сабота (1 октомври), во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот. Како што најавија организаторите на манифестацијата на денешната прес-конференција, заедно со симболичната прошетка за поддршка, годинава во рамките на „Напред розово” за првпат ќе се организира и хуманитарна трка. Трката ќе биде во должина од еден километар и на неа можат да се пријават сите граѓани, без оглед на возраста и полот.

Котизацијата за учество на прошетката и трката изнесува 350 денари со вклучена маичка со логото на манифестацијата, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка” во делот на психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак на дојка, обезбедување перики за жените кои не можат да си дозволат да ги купат, посета на болните на Клиниката за онкологија, обезбедување секојдневна комуникација со психолог и едукација на населението од цела Македонија.

napred-rozovo

Претседателката на здружението „Борка” – За секој нов ден и на Алијансата на пациентски организации во Македонија, Биба Додева, истакна дека со кампањата „Напред розово” им даваат поддршка на сите кои се борат со рак на дојка и воедно ја подигаат свесноста за оваа болест во Македонија.

- Не смееме да ги отфрлиме нашите граѓани кои се борат со оваа тешка болест, бидејќи ракот на дојка може да биде излекуван. Сметам дека треба да ѝ подадеме рака на секоја индивидуа, на секоја фамилија, затоа што оваа борба е наша, заедничка. Оваа кампања е продолжување на нашите активности кои заедно со Алијансата на пациентски организации ја започнавме со прогласувањето на Годината на ракот во Македонија со цел имплементирање на Национален план за контрола на ракот и формирање на посебен фонд за достапност за современа терапија и третман во нашата земја, со што би се намалила смртноста од малигните заболувања – рече Додева.

Пред трката и прошетката ќе има организиран зумба час за загревање, а по нивното завршување за сите учесници ќе има лотарија со награди од различни компании – поддржувачи на настанот, како и забава со диџеи. Пријавувањето за прошетката и трката се одвива на штандовите на „Борка” поставени на неколку локации низ Скопје, како и по електронски пат преку веб-страницата https://www.smartrace.club/ .

Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка”, истакна дека бројките на заболени од рак на дојка во земјава се загрижувачки.

- Токму затоа „Пелистерка” се приклучува на исклучителните напори кои членките на Борка ги прават за рана дијагноза како основен предуслов за победата над ракот на дојката, бидејќи успешноста на една компанија најмногу може да се мери преку нејзината општествена одговорност. Горди сме што во сабота ќе се собереме за една хумана цел, а за заеднички бенефит и поддршка на сите кои во својот живот се сретнале со оваа болест, лично или преку блиски луѓе во нашиот живот – рече Панделеска.

napred-rozovo

Лора Браун, одговорна за односи со јавност во амбасадата на САД во Македонија, истакна дека американската амбасада со гордост ја поддржува оваа кампања и им изразува поддршка на луѓето болни од рак на дојка.

- Прошетката „Напред розово” е значаен настан кој ги сплотува заедно луѓето од целата земја во солидарност против оваа страшна болест. Се радуваме што во сабота ќе им се придружиме на оние што се борат со ракот или поддржуваат некој член на семејството којшто се бори со оваа болест. Се надеваме дека ќе ни се придружат уште многу повеќе граѓани – рече Браун.

Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот, а по смртноста овој вид карцином е на прво место во светот и во Македонија. Минатата година во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка или просечно по 3-4 жени дневно. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемила за околу 9 отсто во последните 15 години. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на трето место во Европа.

Амбасада на САДАмериканска амбасадаБиба ДодеваБоркаГрадски ПаркЛора БраунНапред розовоПелистеркаТања Панделескахуманитарна трка“Напред розово 2016 - чекори против ракот на дојка“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics