Едноставен рецепт за здрав кремаст десерт во кој се мешаат чиа семки, јагоди, бадеми и кокос. Не содржи глутен и млечни производи.
Потребни се:
400 гр павлака
6 лажици чиа семки
300 гр свежи јагоди
4 лажици мед
Грст бадеми
Грст кокос
2 лажици екстракт од ванила
Во блендер се ставаат павлаката, чиа семките, екстактот од ванила, медот, бадемите, кокосот и јагодите (оставете неколку за декорација). Измиксаната смеса оставете ја една ноќ во фрижидер. Следниот ден, може да го послужите пудингот во стаклени чаши и гарнирајте со свежи јагоди, кокосови снегулки и сечкани бадеми.
Нема коментари