Шармантната Оливија Палермо често нѐ инспирира со својот моден стил, привлекува внимание со стајлинзите кои се ненаметливи и ефектни истовремено, а неретко составени од модни парчиња од хајстрит-брендовите. Неодамна на еден настан таа се појави облечена во портокалов комплет со трендовски шмек, кој лесно можете да го набавите, бидејќи е дел од тековната колекција на Зара.
Овој комплет на Зара од долг елек и ѕвонести панталони со висок струк и должина над глужд, е спој на вечната класика и актуелните трендови. Во стајлингот на Оливија е надополнет со високи сандали, мала беж чанта и накит со цирконести камшиња. Оваа пролетно-летна верзија на женскиот костум е тренд сезонава, како и оваа интензивна портокалова боја.































Нема коментари