• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Павле Николовски во кампања за накитот „Уријел“

Од stylist @StylistMKD · На април 13, 2023

1

Моделот Павле Николовски веќе добро познат лик во модниот свет неодамна се врати од Абу Даби и Дубаи каде работно престојуваше две недели. Овој пат македонскиот манекен со интернационална кариера се појави во новата кампања за унисекс накитот создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ – Urijell („Урилеј“). Големото искуство и професионалноста на нашиот модел го воодушеви целиот тим, а за ова модно искуство Павле вели: „Магично и нестварно, Јелена има таква моќ и енергија што мислам да ѝ дадете песок ќе го преобликува во злато“.

-Овие фотографии се една исклучителна арапска фантазија со примеси на францускиот стил. Колекцијата на накит го носи името “Bonbons de Sole” односно свилени бонбони – велат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Јелена Мандиќ од секогаш била фасцинирана со стаклото. Како Мис на Србија и Црна Гора во далечната 2005 година учествуваше на изборот на Мис на универзум и ја освои престижната стипендеја за мастер студии во странство. Потоа во 2008 година со огромен успех ги завршува магистерските студии на познатата меѓународната академија CERAM во Antipolis, Јужна Франција.

2

Паралелно со студирањето на менаџмент и стратегии во туризмот ги започнува студиите за стакло. Учењето на техниката “Lampwork” ја започнува кај Claire Bangme, нејзината приватна професорка во Франција, а своето усовршување го продолжува кај најеминентните германски, холандски, италијански и американски мајстори за стакло.

Lampwork техниката е интересен процес на изработување на стакло која користи двоен пламен (плин и кислород) за топење на шипки од проѕирно обоено мурано стакло за изработка на накит. Иако ваквиот метод на уметност се практикува од древните сириски времиња станува нашироко практициран во Мурано, Италија, во 14/15 век, а некаде во тоа време и во Франција.

Јелена Мандиќ својата инспирација воглавно ја пронаоѓа во природата и низ нејзините патувања, затоа сите нејзини креации се толку шарени.

3

Името на брендот Urijell го создала со додавање на првата буква од нејзиното име Јелена (што значи вечен пламен) и името на Архангелот Урил (ангелот на пламенот и огнот). Заради овој податок колекцијата на накит „Уријел“ ја носи светлината и среќата на сите кои го носат.

Оваа уметница живее и работи во Франција, а од неодамна својата уметност ја пласира во Обединети Арапски Емирати, каде што има свој застапник, а тоа е госпоѓицата Ксенија Плавшиќ која воедно ја организираше првата изчожба на накитот Уријел во Абу Даби. Меѓу најпознатите светски дами кој го носеле накитот „Уријел“се принцезата Барбара Караџорѓевиќ, официјално Барбара Елеонора Марија Фон унд ду Лихтенштајн, принцезата Марија Габријела од Савоја, познатиот светски модел и актерка Викторија Силвестед, познатата либанска политичка новинарка Шантал Салибаи и многу други познати дами во светот.


View this post on Instagram

A post shared by Jelena Mandic (@urijell)

Новото лице на брендот Urijell е македонскиот интернационален модел Павле Николовски. Овие фотографии се направени непосредно пред самата изложба во прекрасните делови на Абу Даби, каде топлите и длабоки сини очи на нашиот убавец Павле се пресликуваат со морето на арапскиот залив и нијансите на уникатниот накит.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics