• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

„Пелистерка“ организира избор за дизајн на паркинзи за велосипеди

Од stylist @StylistMKD · На мај 12, 2014

Препознавајќи ја нагорната линија во која што стабилно се движи популарноста и користењето на велосипедите во урбани услови, особено кај помладата, но и кај останатата популација, компанијата „Пелистерка“ одлучи да испрати отворен повик до креативците во Македонија со цел да се подобри вело-инфраструктурата. Со организирање на избор за дизајн на вело-паркизни и нивно поставување во градот Скопје, „Пелистерка“ ќе го поттикне и помoгне урбаниот велосипедизам, како еден од најпрактичните, најеколошките и најздравите начини на превоз.

Главниот град нема доволно места за паркирање велосипеди, особено не постојат такви што се издвојуваат по карактер и дизајн, па затоа „Пелистерка“ заедно со неформалната група на граѓани „На точак“ и невладината организација „Екосвест“ ќе постават велосипедски паркинзи низ Скопје кои покрај функционалноста ќе имаат задача и да го разубават градот.

Pelisterka organizira izbor za dizajn na velo-parkinzi 

- „Пелистерка“ е бренд којшто повеќе од шест децении е постојано присутен во домовите на македонските граѓани, којшто особено ја цени приврзаноста што тие ја демонстрираат и затоа секогаш се обидува да возврати преку давање потпора во области кои што ним им се важни, без разлика дали тоа е забава, култура или, пак, спорт. Таква потреба за поткрепа почувствувавме дека постои на полето на велосипедизмот, поспецифично на планот на паркинзите, и затоа решивме да го отпочнеме овој проект со којшто ќе ја стартуваме нашата поширока кампања за засилување на урбаната енергија во земјава – истакнуваат од „Пелистерка“.

Целта на овој проект е решенијата што ќе пристигнат на конкурсот да се постават на повеќе локации, се разбира, во соработка со локалните и со градските институции. Неформалната група „На точак“ ќе изработи рута од неколку клучни точки каде што за тоа има најголема потреба. Тие, заедно со претставници на „Пелистерка“ и на „Еко-свест“, ќе ги изберат најдобрите дизајни, а во конечната селекција улога ќе имаат и јавноста, која што ќе може својот глас да го даде на социјалните мрежи. На авторите на првите три креации компанијата ќе им додели по еден велосипед од врвна класа.

- „На точак“ се залага за урбан велосипедизам, а покрај велосипедите и велосипедската инфраструктура, дел од него се и паркинзите за велосипеди пред институции, приватни компании, станбени згради, јавни површини. Ваквите потези се особено добредојдени, за пред сè, да ги охрабрат граѓаните да почнат да го користат велосипедот како превозно средство. Една од причините поради која граѓаните сè уште не се осмелуваат да возат велосипед е токму недостигот на места каде што ќе можат соодветно да ги паркираат велосипедите. Се надеваме дека оваа иницијатива на „Пелистерка“ ќе биде само поттик и други компании да почнат на секаков начин на којшто можат да инвестираат, да го помагаат и да го охрабруваат урбаниот велосипедизам во Скопје – велат од неформалната група „На точак“ која секоја последна среда во месецот вози „критична маса“ низ улиците на главниот град.

„Еко-свест“ е центар за истражување и информирање за животната средина што повеќе од седум години е ангажиран на темата „урбан транспорт“ и на изнаоѓањето алтернативни решенија кои се еколошки прифатливи.   – Скопје нема доволно паркинг места и инсталирани држачи за заклучување велосипеди, т.н. „улични канџи“, особено нема такви што се издвојуваат со карактер. Поголем број паркинзи придонесуваат кон полесно возење на градскиот велосипед, а дополнително на ова, со овие локации може да се придонесе работите да изгледаат помалку досадно. Настрана од фактот што решетките за паркинг можат да сместат повеќе велосипеди, праксата во градов покажува дека велосипедистите се снаоѓаат и на сите објекти од урбаната опрема ги заклучуваат своите велосипеди. И покрај тоа, ние знаеме дека од некаде треба да почне и од сé срце влегуваме во кампањата на „Пелистерка“ за изработка на решенија за градот Скопје – велат од „Еко-свест“.

Проектот во којшто „Пелистерка“, поддржана од „На точак“ и „Еко-свест“, ќе избере најдобар дизајн на паркинзи за велосипеди ќе се одвива во следните неколку недели. Конкурсот е целосно отворен, а сите заинтересирани треба своите решенија да ги испраќаат на е-маил адресата pr@newmoment.mk. Компанијата ги повикува учесниците да бидат максимално креативни и да се држат до упатствата кои ќе бидат поставени на Facebook-страницата на „Пелистерка“ – on.fb.me/1irjLKY


						
												
												
велосипеддизајнерски конкурсЕкосвестна точакпаркинг за велосипедПелистеркаурбан дизајн
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics