Валентино Гаравани, познат едноставно како Валентино, гигант во италијанската модна индустрија кој помогна во обликувањето на дизајнерскиот луксуз и високата мода, почина на 19 јануари на 93-годишна возраст во својот дом во Рим. Роден во 1932 година во Вогера, Италија, Валентино уживаше во богата кариера воведувајќи италијански гламур на глобалната модна сцена и важи за еден од великаните во модата во 20-от, но и 21-от век. Својата иствоимена модна куќа ја основа во 1960 година после студиите по висока мода во Париз и брзо се најде на самиот врв на светската мода. Препознатлив е по беспрекорниот крој и класичната софистицираност, раскошните и лукузни креации, како и ,моделите во „валентино“ црвнеа боја. Негови креации носеа европските аристократи, првите дами на САД Џеки Оназис и Ненси Реган, како и најголемите холивудски ѕвезди. Иако се пензионираше во 2008 година од својата модна куќа, тој остана еден од последните големи италијански кутуриери кои трајно ја променија траекторијата на модата. Модната куќа Валентино и натаму е синоним за гламур, драма и италијански луксуз.
Нашата манекенка Катарина Ивановска на својот Инстаграм се прости од Валентино, објавувајќи фотографии од нејзините ангажмани во модни кампањи и ревии на големиот дизајнер































Нема коментари