• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Поп-ап продавница со креации од „Лудус“ во студиото на PrivatePrint

Од stylist @StylistMKD · На август 29, 2016

17_ludus_XYYX

Поп-ап продавница со фокус на модниот бренд „Лудус“ ќе биде отворена од 2 до 4 септември во студиото на издавачката куќа PrivatePrint. Заинтересираните ќе може да го посетат настанот на Партизански одреди 62, спрат 1, стан 4 , кај, ТЦ Лептокарија, веднаш спроти влезот на поликлиника Букурешт, од 17 до 22 часот. Брендот „Лудус“ е актуелен со безродовата колекција XYYX со минималистички црно-бели креации, кои претходно беа преставени  во рамки на „Скопје креатива“ на „Плаја виста“, како и со ревија во фоајето на МОБ во рамките на изложбата и промоцијата на книгата Heroes for One Day.
Линијата е составена од 20 парчиња изработени од високо квалитетни стопроцентно природни материјали како памук и ладна волна. Боите во палетата се ограничени на црна и бела, а акцентот е ставен на скулптурниот пристап во моделирањето на парчињата. Тие се прочистени и минималистични,а мултифункционалоста е овозможена со прилагодувачки додатоци скриени во внатрешноста. Па така, машките асиметрични памучни кошули стануваат вечерни лежерни фустани со нагласен ремен на струкот, а асиметричните здолништа се всушност широки панталони со внатрешен раб. Овие парчиња ги надополнуваат неколку форми на накит кои додаваат акценти од сина боја на белата и црната. За колекцијата беше изработен lookbook со фотографката Ана Марија Радосављевиќ, каде како модели се јавуваат Ана Калачоска, Леуарт Лека и Кемил Исметовиќ, а за шминката и фризурите се погрижи модната блогерка Мартина Неделковска.

19_ludus_XYYX

Ludus Loves Fashion е инстор женска модна етикета основана во 2010 година како одговор на потребите на клиентите на концептуaлната продавница „Лудус“. Продавницата беше отворена во 2006 и до 2008 година стана платформа за новиот македонски моден дизајн, целосно поддржувајќи ги младите дизајнери и етикети. „Лудус“ почна како менлив производ што еволуира од концептуална продавница со цврст идентитет до експериментална модна линија. Во моментов, Драган Христов, еден од основачите на „Лудус концепт стор“ е посветен на развојот на модната линија, дополнета со колекција за мажи. Со концептуална позадина, Христов (дипломец на Академијата за Ликовни Уметнoсти- Брера во Милано) создава безродова облека за клиентите според нивните моментни чувства. Колекциите се движат меѓу носливоста и софистицираната авангарда, а за основа ги имаат чувствата, најчесто меланхолични и тажни. Финалниот резултат е монохроматски и минималистички, изработен главно од свила и природни проѕирни материјали, а силуетата е налик скулптура. Презентациите на Лудус, инспирирани од филмот и современата музика се настани со неочекувани локации што придонесуваат кон интелектуалниот карактер на етикетата.

ludus ss 2016a

PrivatePrint е издавачка куќа од Скопје, посветена на уредување, создавање и поддршка на уметнички книги, уметнички/кураторски истражувачки проекти и останати слични публикации. Студиото на PrivatePrint е постојано отворено за посетители со најава, а повремено таму се организираат настани и изложби. PrivatePrint работи и на создавање на архива на оригинални уметнички дела. Основачи и главни уредници се Марија Христова и Илија Прокопиев.
Специјални гости на настанот ќе биде Архи.тек. Станува збор за бесплатна месечна публикација на Архитектонски Факултет Скопје. Нејзини уредници се Владо Данаилов и Мила Димитровска.

 

9_ludus_XYYX

PRIVATEPRINTАрхи.текВладо ДанаиловДраган ХристовИлија ПрокопиевЛудусМарија ХристоваМила ДимитровскаПоп-ап продавница
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics