Наоми Кембел, Елтон Џон, Роуз Хантингтон-Вајтли и Ромео Бекам се само некои од познатите имиња кои се појавуваат, поточно скокаат во новата божиќна рекламна кампања на британскиот луксузен бренд „Барбери“. Инспирирани од ликот на Били Елиот од истоимениот филм за младиот балетан, Кристофер Бејли и креативниот тим на „Барбери“ за кампањата ги повикаа и пејачот Џејмс Беј, актерките Мишел Докери и Џули Волтерс, телевизискиот водител Џејмс Корден и други познати модели, модели и музичари кои ги фотографираше Марио Тестино. Засега брендот откри дел од принт-кампањата, наскоро ќе го објават и промотивното божиќно видео.
-„Били Елиот“ е неверојатен филм полн со толку многу радост и енергија, па беше вистинска возбуда и голема чест да се биде во можност да ја прославиме неговата 15-годишнина со оваа наша празнична кампања. Исто така беше огромна привилегија да се работи со такви неверојатни и иконски британски таленти – личностите од кампањата се некои од најголемите имиња во филмот, музиката и модата и беше многу забавно да работи со нив – вели главниот извршен директор на „Барбери“ Кристофер Бејли.



































Нема коментари