• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
пред огледало 0

БОНА ПАУНОВСКА: Не излегувам од дома без лабело, парфем и крем за раце

Од Катерина Трајановска · На декември 10, 2013

Телевизиската водителка и поранешна манекенка приватно не сака многу да се шминка, но поради природата на професијата понекогаш тоа го прави скоро секодневно. Тогаш им се препушта во рацете на професионалните шминкери и фризери, од кои понекогаш краде по некоја идеја. Како јавна личност сфатила дека покрај нејзиниот настап, важен е и севкупниот изглед, па сериозно е посветена на негата и грижата на лицето и на телото. Со Бона разговаравме за тоа како се негува, кои се нејзини омилени производи, на кој парфем мириса во моментов и колку е подготвена да направи трансформација на изгледот.

>>Како се грижиш за кожата на лицето и телото?

-Благодарна сум што немам проблематична кожа, не сум имала никогаш, дури ни во тинејџерските денови. Благословена сум со чиста кожа и реално никогаш не сум имала проблем со неа. На негата на лицето внимавам многу, бидејќи постојано сум подложена на многу шминка поради работата, па потребна ми е соодветна нега за да го задржам сјајот и свежината на лицето. Редовно посетувам дерматолог поради освежителни третмани. На препорака на Др. Горица Дачевска, ја користам козметиката за лице на Thalgo која совршено и одговара на мојата кожа. За кожата на телото пак, еднаш неделно правам пилинг за отстранување на мртвите клетки и бидејќи имам малку посува кожа постојано го користам лосионот за сува кожа на „Неутрогена“, а зависна сум од маслото за кожа на „Нивеа“. Обожавам путери за тело и разни миризливи лосиони.

>>Твои омилени козметички производи?

  • Крем за лице ThalgoOxygen
  • Eликсир за коса Orofluido
  • Спреј за коса на Revlon– 10 во 1
  • Миризливите лосиони за тело на I love…
  • Крем за нега на стапала од Dr. Sholl

>>Колку си вешта во шминкањето?

-Шминкањето не е нешто што ми преставува тешкотија и можам да кажам дека сум поприлично вешта во тоа, впрочем и од секогаш сум била. Сепак, поради работата која ја работам, многу често сум препуштена во раце на професионалци, па со текот на годините „украдов” и по неколку корисни трикови од нив. Инаку приватно не сакам многу да се шминкам.

>>Кој се грижи за твојот изглед пред камера и на јавни настапи?

-За јавните настапи комплетно се препуштам во рацете на Зорица Николова. Тоа  е девојка која е неверојатно вешта со своите раце, уметник со невидена дарба и секогаш се восхитувам на нејзината креативност и умешноста да ми го „наслика” лицето. Имам комплетна доверба во неа. За шминката пред камера се задолжените нашите драги шминкерки во Алфа телевизија кои вешто ни ги кријат подочниците и умеат да направат магија врз нашето лице и да изгледаме свежо дури и во 6 часот наутро. Негата на мојата косата пак им е препуштена на професионалците од фризерското студио „Cut &Cut” и морам да признаам дека да не беа тие, до сега ќе останев без коса.

>>Што од козметика постојано носиш во чанта/несесер?

-Лабело, парфем и крем за раце. Секогаш. Без нив не излегувам од дома, без другите работи можам да преживеам.

>>Би ја сменила ли бојата на косата и должина?

-Да! И сум го направила тоа два пати до сега, но само кога за тоа ќе ме охрабри мојот фризер Диме. Тој е единствениот човек кој ме убедил да ја скратам екстремно мојата коса, па така пред неколку години од должината на косата која ја имам сега, ми направи паж фризура која беше доста актуелна тогаш. Тотална трансформација пак ми направи кога од фризура слична на сегашната, ми направи рамни шишки и ме офарба темно кафена, скоро црна. Потоа луѓето имаа потешкотија да ме препознаат, а богами и мене ми требаше неколку дена да се препознаам во огледало. Последниве неколку години сум „мирна” и не експериментирам многу со косата, па во моментов се размислувам за промена на бојата. 

>Имаш ли омилен парфем?

-Парфем кој интензивно го користам во последниве неколку години е “Daisy” на Марк Џејкобс. Мислев дека нема никогаш да го сменам, но откако го мириснав Actress на нашата Тања Кокев, ме освои на прва, така што во моментов тој ми е на врвот на листата омилени парфеми.

>Како ја одржуваш фигурата?

-Зависник сум од вежбање, но знам и да направам пауза од неколку месеци, посебно во текот на зимата. Но кога сум физички активна, тогаш е комбинација на џогинг, аеробик  и пилатес. Посебно внимание обраќам на абдоминалниот дел и тој е секогаш најфорсиран на моите тренинзи. На исхрана исто внимавам многу, денот не го започнувам без житарки, но во последно време за доручек  конзумирам само овес во комбинација со овошје и разни семиња. Практикувам исхрана базирана на протеини, а се трудам да ги избегнувам јаглехидратите и сложените шеќери.  Најтешко ми  е да им одолеам на чоколадите, бидејќи ми се слабост.

>>Омилен козметички третман…

-Хидрадермија бидејќи ја враќа изгубената хидрантност, сјај и свежина на кожата и прави чуда на моето лице. После третманот кожата изгледа совршено. Уживам и во сите спа-третмани.

>>Правило кон кое се придржуваш кога е убавината во прашање?

-Со текот на годините се уверив дека убавината доаѓа одвнатре. Здравата и добро избалансираната исхрана и тоа како се гледаат на вашата кожа и коса.

>>Пример за бјути-икона?

-Одри Хепберн!

>>Проверен домашен рецепт за нега?

-Многу внимание и посветувам на косата и покрај производите за професионалната нега на косата многу често знам да си направам и домашни третмани. Мед и маслиново масло со едно јајце е благодет за косата и прави чуда за неа, верувајте ми. Измивањето на косата со чај од камилица (за блондинките) го враќа сјајот и живоста на влакното. Доста често практикувам и домашен пилинг за лице и тело од морска сол, мед и лимон.

 

Бона Пауновсканегаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • каролина гочева пред огледало

    КАРОЛИНА ГОЧЕВА: Промените на изгледот треба да содејствуваат со карактерот

  • Olivia Wilde пред огледало

    Оливија Вајлд ги откри тајните на својата убавина

  • 4 пред огледало

    АНА КОЦЕВА: Јас сум огледало на мојата мајка

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics