• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
пред огледало 0

КАРОЛИНА ГОЧЕВА: Промените на изгледот треба да содејствуваат со карактерот

Од Катерина Трајановска · На ноември 20, 2015

03

Со долгогодишна успешна музичка кариера зад себе и статус на модна икона, пејачката Каролина Гочева доби засега единствена привилегија да биде заштитно лице на к0зметичкиот гигант „Авон“. За Stylist.mk таа открива неколку ритуали и тајни поврзани со убавината и негата, а ни откри дека изминатиов месец ѝ бил посебно исполнет со професионални ангажмани и патувања, прво гостуваше на концертот на Дуке Бојаџиев во Карнеги Хол, Њујорк. „Веднаш кога се вратив започнав со подготовки за мојот прв солистички концерт во Белград, следниот период продолжувам со активности кои постепено ќе ги откривам“. Каролина во моментов ја промовира шминката од линијата Luxe на „Авон“, како и нивниот парфем Attraction. Сака парфеми кои не ја оптеретуваат, преферира дискретна шминка и не сака драстични промени на изгледот.

Како изгледа твојот вообичаен дневен ритуал во однос на негата на кожата и косата? Што правиш наутро кога ќе станеш и без каква нега не легнуваш да спиеш?

- Доколку немам професионални активности кожата ја одмoрам и не нанесувам речиси никаква шминка. Приватно се шминкам минимално, освен за вечерни излегувања, но и тогаш, преферирам дискретна шминка, не сакам нападни бои, лошо исцртани веѓи и слоеви пудра.

Кои се петте козметички производи што во моментов ги користиш?

- Шминката од линијата на Luxe на „Авон“, сјај за усни од истата линија, не можам да се сетам на пет омилени производи кои константно ги користам, затоа што постојано сакам да пробам нешто ново.

12111972_10153421288755668_82707967905641078_n

Без кои производи не иизлегуваш од дома и што постојаноносиш во чантата?

- Носам сјај од таа нијанса која во моментот сум ја нанела и во случај да сум се нашминкала повеќе, носам и коректор, иако, многу ретко се случува да ги искористам, немам обичај да коригирам шминка штом еднаш веќе сум излегла од дома.

Често го споменуваш твојот тим задолжен за изгледот – Цаци Паковска, Дадар и Сретен Костиќ, со кои долго соработуваш. Која е тајната на вашето усогласување и што научи од нив во однос на модата и негувањето?

- Ги споменувам само тогаш кога ме прашуваат со кого работам :)  Работиме толку долго што нема потреба од спомнување при секое јавно појавување. Тајната е што се познаваме долго и сме навикнале едни на други. Секако, секој во својата професија се надградува и затоа толку години сме останале заедно.

Се сеќаваш ли на првиот купен парфем?

- Се сеќавам. Го добив на подарок, затоа што тогаш бев девојче, имав веројатно 8-9 години кога беше актуелна серијата „Беверли Хилс“, па со сестра ми добивме парфеми од родителите.

karolina-gocheva

Сега си заштитно лице на парфемот Attraction на„Авон“, ти се допаѓа ли неговата мирисна нота и дали често го употребуваш? 

- Одличен е! Ми се допаѓа и го употребувам секојдневно. Мирисот ми одговара, не ме оптеретува, не сакам парфеми кои цело време ги чувствувате на себе.

Веројатно како најпопуларна пејачка со долгогодишна кариера имаш кредит да рекламираш големи брендови, последниот е козметичкиот гигант „Авон“, како дојде до соработката и дали брзо донесе одлукада ги промовираш нивните производи?

- Соработката се случи на нивна иницијатива, после некоја интерна анкета која тие помеѓу своите претставници ја спровеле. Секако дека лесно се договоривме, особено ми беше драго што е поврзана со типични женски работи, шминкање, средување, дотерување…

Во една прилика спомна дека ги имаш користено производите на „Авон“, особено шминката од линијата Luxe, а сега токму ти ја промовираш. За кои призводи поточно станува збор?

- Ги обожавам сенките за очи, имаат одлична палета, огромен број на нијанси и токму оние кафени тонови кои јас ги сакам. Погоре спомнав дека ми се допаѓаат и сјаевите за усни.

каролина гочева

Дали би направила драстична промена на изгледот? Се прашуваш ли некогаш како би изгледала како блондинка, со покуса коса или некоја подраматична шминка? 

- Промените треба да се соодветни со карактерот. Јас не сум човек кој е љубител на големи промени, така што мислам дека не би можела да се навикнкам на себе доколку нешто драстично променам. Всушност, поентата на промената е да те направи да се чувствуваш подобро, а не додатно да те оптерети.

Како ја одржуваш витата става? Вежбаш напорно или сепак е генетика во прашање?  

- Вежбав еден краток период пред две години и бев многу горда на себе, но кратко ме држеше желбата. Кога е убаво времето знам да испешачам на Водно, да повозам велосипед, но ништо од тоа не правам редовно.

Долгата коса како твојата бара многу нега. Кој е твојот рецепт?  

- Дома не ја негувам воопшто. Одам често на фризер, па тоа што ќе решат дека треба да и прават,тоа го прават. Не им се мешам многу. И се трудам барем редовно да ја потстрижувам.

karolina goceva

Дали често посетуваш салони за убавина и кои ти се омилени третмани? 
- Освен за оние задолжителни женски работи кои мораме да ги правиме еднаш до два пати месечно, одам само кога сум расположена, иако никогаш не сум сакала да поминувам многу време во салони за убавина. Единствено што навистина сакам е масажа, ама и неа ја практикувам само кога сум уморна.
Како бираш козметички и производи за шминка и нега на коса? Колку ги следиш новините во козметката и советите на луѓето од твојот тим?   

- Не следам пасионирано, доколку нешто случајно ми налета, знам да се заинтересирам, но обично, кога ми треба нешто, веднаш се обраќам на стручно лице, си имам кого да прашам. :) Оној совет што ми одговара го прифаќам , тоа што не ми одговара не…Така и во животот…

Како битолчанка што живе во Скопје, како реагираш на мислењето дека битолчанките се подотерани и понегувани од скопјанките?  

- Како битолчанка што живее во Скопј, не сакам генерализации на ниту една тема.На крајот, секоја жена сака да изгледа убаво и негувано и секоја се негува толку колку што има време и може да си дозволи.

karolina2

Која е според тебе тајната на убавината на македонски жени и што ги советувала младите девојчиња во однос на негувањето и изгледот?

-Македонските жени се убави затоа што и покрај најразличните влијанија, главно тежнеат кон тоа да се природни, според мене, колку е помалку накитена, намирисана, „нацртана“ жената, толку е поубава. Не ја разбирам поентата на тоа да направите нешто после кое нема да личите на себе. На младите девојчиња им препорачувам да уживаат во привилегиите на младоста, да се прифатат какви што се, да бираат вистински идоли (ако веќе мора да имаат), да внимаваат што постираат по социјални мрежи и да се почитуваат себеси.

Пример за македонска убавина?  

-Секако не може да не ја спомнам Катарина Ивановска, а би ја издвоила и Софија Куновска, која со текот на годините изгледа сè поубаво и за мене од секогаш била една од најубавите жени кај нас.

AVONАвонзаштитно лицеКаролина Гочеванегаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Olivia Wilde пред огледало

    Оливија Вајлд ги откри тајните на својата убавина

  • 4 пред огледало

    АНА КОЦЕВА: Јас сум огледало на мојата мајка

  • thumb пред огледало

    ЕЛЕНА ГУГОСКА: Колку поприродна шминка, толку поубав изглед

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • 2

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Фармерки + дамско сако

    април 9, 2021
  • belgraders in belgrade

    Инстаграм профил кој го лови автентичниот уличен стил на Белград

    април 9, 2021
  • 6

    Шик идеи за деловни комбинации погодни за променливото пролетно време

    април 8, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021
  • 1

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

    март 23, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics