• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Промотивниот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“ вечерва во Националната опера и балет

Од stylist @StylistMKD · На декември 16, 2021

bf3352b5-e30f-48ba-1c7a-a40abe5a9112

Свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“, на кој ќе бидат промовирани реобјавени пет значајни дела од великанот на македонската книжевност, ќе се одржи вечерва (16 декември, четврток), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет. Во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ ги реобјави стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од еминентни книжевници и професори.

На промоцијата ќе зборуваат авторите на поговорите, односно предговорите: академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Димитар Пандев. Модератори ќе бидат Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, уредници на петте книги, кои се дел од едицијата Македонски книжевни класици, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На програмата се и проекција на видео, специјално снимено по повод јубилејот, како и рецитал, во кој познатиот актер Ѓорѓи Јолевски ќе чита избор песни од Конески.

Во стихозбирката „Везилка“, каде што автор на поговорот писателот и академик Влада Урошевиќ, се присоединети песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. Тука се собрани најпознатите песни на Конески: Везилка, Стерна, Одземање на силата, Болен Дојчин… Истовремено, тие се и најпарадигматични за неговата поетика, затоа што преку нив, Конески го артикулира народниот дух на својата земја, обработен низ своите лични искуства. Во поговорот Урошевиќ вели: „Посегнувајќи по корените на националниот идентитет, Конески честопати бара потпорка во традицијата, сака да воспостави мост кон претходниците. Но, и во песните во кои зборува за личностите од македонската културна историја (Прличев, Жинзифов…), тој ја согледува, пред сè, нивната осаменичка трагедија. Зборувајќи за нивната судбина, тој ја искажува, всушност, својата сопствена“.

Во стихозбирката „Црква“, која е со поговор на проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, носечка е истоимената песна Црква, во која лирскиот субјект, кој е, всушност, гласот на самиот Конески, пее за тагата од сознанието дека сакаат да ја урнат црквата во родното село Небрегово и која, според кажувањата, одиграла клучна улога во отстапувањето од таа намера. Освен оваа песна, стихозбирката содржи тематски сродни мотиви што се однесуваат на религиозни празници и на светци што се поврзани повеќе со неговата семејна традиција, отколку со неговата набожност.

– Далековидоста на поетот, доживеана масовно од својот народ, ја откри неговата песна Црква. Овде е и поентата на неговата длабока мисловност и пробивот во нашата традиција. Овој македонски народ, вековно збран во неволи и во маки го докрепила и прибрала нашата црква. Затоа не може да премине преку неа и познавачот и вљубеникот во својата земја. И колку да сакаме да ја прифатиме теориската поставка за мигновеното пишување на песната, што е секако можно, со сфаќањето дека песната не се создава, туку се открива, тој чин без длабоките пробиви во суштините на изминатото искуство и поројните мисли, не би ја остварил високоприфатената уметничка вистина и предност на поетот – вели во поговорот Стојчевска-Антиќ.

„Црн овен“ е со поговор на проф. д-р Зоран Анчевски. Станува збор за последната реч во долгото и богато творештво на Блаже Конески, стихозбирка во која на величествен начин го заокружува и го коментира сопствениот опус. Збирката ја сочинуваат песни и препеви поделени на два дела – насловени „Отпор“ и „Пораки од исток“ – двата обединети околу симболот на црниот овен, симбол извлечен преку креативна интерпретација на народна традиција на принесување курбан од бел овен за празникот Св. Атанас, со што се означува крајот на еден годишен циклус и почетокот на нов. Така, песните и препевите во духот на црниот овен главно говорат за разочараноста и резигнираноста од животот, обележани со многу меланхолија и тага. Но, „Црн овен“ е исто така збирка за проштавањето и барањето прошка; за убави спомени на прекрасни пејзажи и богати софри; збирка за животот, смртта и поезијата. Во поговорот проф. д-р Анчевски вели:

– Едноставната („проста“) и строга поетска изведба се програмска определба во поетското творештво на Конески. Навидум, едноставноста и строгоста се на спротивставени, оксиморонски поставени позиции… Едноставноста за Леонардо да Винчи е „конечна мудрост“, за Шопен е „врвно остварување“, за Волт Витмен таа е „величественост на изразот“, а според Ајнштајн „сè треба да биде просто и едноставно, но не и попросто од тоа“ итн. Значи, за да се постигне едноставноста треба да се има големо знаење за сложеното како систем, но и „мерка“ (како што вели Конески) за негова редукција… Нивната (на песните) „комплицирана јасност“ се должи на една совршено обмислена постапка со која песната се доведува до состојба на „проѕирен израз“, а притоа таа треба „да кажува нешто многу сериозно“.

Двотомниот избор од творештвото на Конески „Збор и опит: избор од книжевното творештво“ го приредија универзитетските професори Иван Џепароски и Димитар Пандев. Осмислени по повод стогодишнината од раѓањето на Конески, овие две книги треба да претставуваат краток вовед во неговото дело, избор од најважното што го создал во доменот на книжевноста и во доменот на науката.

„Збор и опит 1“ со избор и предговор на проф. д-р Иван Џепароски ги сочинува најдобрите творби од богатиот уметнички опус на Блаже Конески, од поезијата, прозата и есеистиката. Почнувајќи од неговите први песни објавени во четириесеттите години на 20 век, сè до последната стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година, целото поетско творештво на Конески е сумирано во овој избор. Потоа се надоврзуваат текстови од кратката проза, од раната збирка „Лозје“ до „Дневник по многу години“, а изборот се заокружува со неговите најпознати есеи, вклучувајќи го и култниот „Еден опит“.

„Збор и опит 2“, кој е со избор и предговор на проф. д-р Димитар Пандев, ги содржи најважните дела од богатиот научен опус на Конески, од неговите трудови и есеи посветени на лингвистиката, историјата и книжевноста. Тука се трудовите од областа на општата лингвистика и историјата на македонскиот јазик, јазичните и стилистичките анализи на песни низ историјата на македонската литература, како и портрети и прикази на култни личности и институции од нашата историја: Охридската школа, Крсте Мисирков, Кочо Рацин итн. Оваа книга го потенцира двојниот статус на Конески, како уметник и како научник и ги прави неговите трудови достапни за пошироката публика.

Реобјавените книги од Блаже Конески се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе можат да се набават и на промотивниот настан во Националната опера и балет.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

  • KV SGF 2025 културен водич

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN културен водич

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics